fbpx

По пожарот во фабриката за пластика во Осиек, можно е прогласување еко-катастрофа

Се очекува огромна штета по квалитетот на воздухот, храната, водата и почвата, а граѓаните се советуваат да избегнуваат излегување надвор

-

Пожарот во Бријесто, во предградието на град Осиек, е ставен под контрола. Пожарот изби во вторник во фабриката „Драва Интернешнл“, во која се произведуваат различни пластични производи, а ќе бидат потребни уште неколку дена за гасење. Хрватските медиуми објавуваат дека силен ветар од над 50 километри на час го разнел пожарот по источниот предел на Хрватска. Во медиумите се тврди дека можни се секакви последици за квалитетот на почвата, водата, воздухот и храната поради токсичниот чад предизвикан од изгорената пластика.

Дирекцијата за цивилна заштита на Република Хрватска, во соработка со локалните власти, објави препораки за жителите во регионот кој вклучуваат: затворање на прозори; останување во внатрешни простори што е можно повеќе; користење маски при излегување надвор; избегнување јадење на локално израснато овошје и зеленчук. Наставата во училиштата исто така е прекината, известува Ројтерс.

Жупанот на Осиечко-барањската жупанија, Иван Анушиќ истакна дека ова е четврт пожар во фабриката „Драва Интернешнл“ во последната декада.

„Сега тука е прашањето за инспекциите и инспекторатите кои толерираа такви количества пластика што беа фрлани овде и закопувани 20 години. Истата пластика се запали. Пред неколку години 3-4 пати избувнаа пожари и навреме се гасеа, но овој не беше навреме изгаснат. Создадена е еколошка катастрофа што ќе ја претрпи целата област, како и некои соседни региони“, изјави Анушиќ за Н1.

Тој, заедно со градоначалникот на Осиек Иван Радиќ ќе упатат барање до владата да се прогласи еколошка катастрофа, објавува Нова.рс.

Бившата министерка за заштита на околината и природата Мирела Холи изјави дека пожарот ќе направи огромна штета и за растителната и за животинската храна. 

Холи даде коментaр и во однос на тоа што странските работници кои работат во фабриката живееле во контејнери во просториите на фабриката.

„Тоа е многу, многу чудно, бидејќи тоа е објект кој може да биде ризичен“, рече Холи.

Инаку, 115-те работници од Непал се привремено сместени во спортската сала Југ 2 во Осиек.

„Нашите деца денес не одат на училиште, ниту во градинка, чадот е многу канцероген. Како да еруптирал вулкан, треба да се санира. Тоа е огромен проблем за кој се знаеше и беше дозволено да се стигне до оваа точка. Се надевам дека нечија совест ќе проработи и дека ќе се открие кој е одговорен“, заклучи Анушиќ.

Се очекува подоцна во денешниот ден конкретни информации за нивото на загаденост на воздухот, пишува Индекс.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...