fbpx
Таг: пластика

таг: пластика

По пожарот во фабриката за пластика во Осиек, квалитетот на воздухот и натаму лош

Квалитетот на воздухот во Осиек и околината беше оценет како „умерен и прифатлив“, но жупанскиот и градскиот штаб за цивилна заштита соопштија дека денеска „превентивно“ нема да се одржи настава во основните и средните училишта во Осиек, како и во некои околните градови до кои стигна чадот од изгорената фабрика за пластика на „Драва Интернешнл“, известува Индекс.хр. Оваа проценa за...

По пожарот во фабриката за пластика во Осиек, можно е прогласување еко-катастрофа

Пожарот во Бријесто, во предградието на град Осиек, е ставен под контрола. Пожарот изби во вторник во фабриката „Драва Интернешнл“, во која се произведуваат различни пластични производи, а ќе бидат потребни уште неколку дена за гасење. Хрватските медиуми објавуваат дека силен ветар од над 50 километри на час го разнел пожарот по источниот предел на Хрватска. Во медиумите се...

„Макс ван дер Штул“ е еколошки одговорна библиотека, Абдулахи: Дури и едно собрано капаче е вредно

Покрај тоа што им овозможува на студентите да учат, библиотеката „Макс ван дер Штул“ во Тетово служи и како еколошки пункт каде што тие можат да бидат и одговорни граѓани. Во оваа библиотека се собираат капачиња од пластични шишиња кои потоа се рециклираат, а пак собраните средства се наменети за хуманитарни цели. Во врска со оваа активност, Порталб.мк разговараше...

Видеото не прикажува пластичен, туку вештачки произведен ориз

Доколку отидете на официјалната веб-страница на компанијата којашто го емитува видеото  споделено во постот – кинеската „Sunspring“,  ќе видите дека не се работи за пластичен материјал, туку за вештачки ориз. Главната разлика меѓу вештачкиот и вистинскиот ориз, според „Sunspring“,  се нутритивните вредности. Вештачкиот ориз, кој се произведува со брашно од различни житарки и се додаваат минерални соли и витамини...

Светски ден на животната средина: Половината од произведената пластика е за еднократна употреба

Под мотото „Време е да го победиме загадувањето од пластиката“ (It is time to #BeatPlasticPollution), денеска се одбележува Светскиот ден на животната средина. Годинава, фокусот е ставен на отпадот, особено пластиката, како потсетник дека активностите на луѓето за намалување на загадувањето на природата се важни, како и дека транзиција кон кружна економија и чекорите што владите и бизнисите треба...

Домаќинствата во Струмица добија канти за сeлекција на пластика

Граѓаните на Општина Струмица ќе селектираат отпад во своите домови. Над илјада домаќинства во оваа општина добија канти за селекција на пластичен отпад во рамките на проектот „Патоказ за еко-паметна општина“ што го спроведува Центарот за климатски промени, со поддршка од Амбасадата на САД. Целта на проектот е промовирање на одржливо живеење и создавање функционален систем за управување со...

Нема докази за производство на пластичен ориз

Видеото што се споделува во постот не е од производство на пластичен ориз, туку реклама за машина за ориз збогатен со микронутриенти. Вистиномер го пронајде оригиналното видео што е објавено на страницата на компанијата „СанПринг“ – производител на опрема за машинска обработка на ориз и други прехранбени производи. Од нивниот Јутјуб канал е евидентно дека имаат разни машини и...

Над 3.500 жители на Центар селектираат отпад, „ПОЦ“ планира да го прошири проектот

Две години по неговото воведување, проектот „И отпадот има вредност!“ на Општина Центар и јавното претпријатие „Паркинзи на општина Центар“ (ПОЦ) е прифатен од над 3.500 жители кои вршат селекција на отпадот преку Green Pay картичката, а досега преку вендинг машините се собрани повеќе од 576.800 пластични шишиња и лименки или приближно 12 тони отпад се селектирани и рециклирани. „Во...

ЕУ го објави планот за забрана на 12.000 хемикалии опасни по човекот и природата

До 12.000 најразлични супстанции би можеле да се вклучат во опсегот на новиот „патоказ за ограничувања“ на Европската Унија како најголема во историјата забрана за хемикалии, јавува весникот Гардијан. Илјадници потенцијално штетни хемикалии наскоро би можеле да бидат забранети во Европа со новите ограничувања, кои активистите ги поздравија како најсилни досега. Претходно оваа година, научниците рекоа дека хемиското загадување ја преминало...

На гумите за џвакање им требаат и до 1.000 години за да се разградат во природата, а ги фрламе насекаде

Гумите за џвакање се едни од најкористените наменски супстанци од страна на човекот. Ги користиме за да се ослободиме од лошиот здив кога јадеме зачинета или храна со необичен мирис, децата го вкусуваат слаткиот, овошен вкус, а гумите за џвакање помагаат и за полесно варење на храната. И покрај овие бенефити и слатки уживања што се јавуваат како придобивки,...

Комунална хигиена лани селектирала само 0,32 отсто од вкупниот отпад собран во Скопје

Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ Скопје во 2021 година успеало да селектира и балира 538,8 тони отпад, а вкупното количество на собран комунален отпад е 166.678 тони. Ова значи дека тие успеале да селектираат скромни 0,32 отсто од собраното ѓубре од контејнерите, додека преостанатите количества завршиле на скопската депонија „Дрисла“. Како што информираат за Мета.мк од ЈП „Комунална хигиена“, во нивните...

Порталб: Искористувањето на отпадот не е „утопија“, само треба да се препознае неговата вредност

Чистите градови во Северна Македонија едноставно изгледа дека се „утопија“, а искористувањето на придобивките од отпадот, научна фантастика. Сепак, експертите од оваа област сметаат дека тоа е можно, пишува Порталб.мк. Правилното управување со отпадот е дел од обврските што нашата земја мора да ги исполни во рамки на Поглавјето 27 за животната средина, како предуслов да стане полноправна членка на...

Иновативна еко-мисија за борба против загадувањето: „Креативноста е наше најмоќно оружје против отпадот“

И покрај тоа што има повеќе иницијативи кои ја поттикнуваат граѓанската свест за рециклирање на отпад, сепак, поразителен е фактот дека најголем дел од македонските граѓани сè уште недоволно го селектираат отпадот што секојдневно го исфрлаат од своите домови, па така селектираната пластика изнесува само 1,8 отсто а останатиот дел често завршува во реките и планините. За среќа постојат...

Истражување: Преку ветровите микропластиката во воздухот се шири на илјадници километри

Неадекватното управување со отпадот во делови од светот, вклучувајќи ја и Македонија, предизвикува ширење на опасни отпадни материи преку ветерот на големи растојанија што се наоѓаат далеку од локациите на расфрланото ѓубре. Научниците од Националниот истражувачки институт ЦНРС открија присуство на микропластика што потекнува од Африка и Северна Америка во воздухот на Пиринејските планини, и тоа на надморска височина од...

Како да се живее подобро за животната средина? – Упатства од „Гоу грин“

Животната средина и местата за живеење бараат постојано внимание од секој поединец, бидејќи загадувањето доаѓа од најразлични страни, може секој да го предизвикува, и за тоа треба сите да внимаваме како се однесувам, порачува организацијата „Гоу грин“. Таа акцентот го става на управувањето со отпадот и на законските мерки за тој важен сегмент на заедничкото живеење. Постапувањето со отпадот мора...

РЕДИ Рециклажа на терен, почна селекцијата на отпадот во дел од зградите низ Скопје

До сега околу 200 згради во општините Карпош, Аеродром и од други скопски општини се пријавени за новиот проект на РЕДИ Рециклажа за воспоставување на систем за селекција на отпадна хартија и пластика. Од социјалното претпријатие се задоволни од интересот по распишаниот јавен повик до станбени згради и компании за учество во воспоставувањето на системот за примарна селекција на...

Пластичната амбалажа од декември ќе биде забранета во заштитените подрачја во земјава

Од 1 декември нема да смеат да се употребуваат пластични производи за една употреба во угостителските објекти кои се наоѓаат во заштитените подрачја во земјава. Ова денеска го најави министерот за животна средина Насер Нуредини, на прес конференција посветена на новиот пакет закони за отпад. Нуредини потенцираше и дека од декември нема да смее да се продаваат ниту пластични кеси...

Се работи на иновација на нова пластика која би се разградувала за една недела на сонце и кислород

Пластиката како еден од најголемите загадувачи на животната средина за пет до десет години би можела да постане отпаден материјал којшто би се разградувал за една недела на сончева светлина или кислород, јавува Независен.мк. Во престижното научно списание „Journal of the Americal Chemical Society“ е објавен трудот од девет научници, предводени од Лианг Луо од Универзитетот за наука и...

Припадници на ранливи категории граѓани за 13 недели собраа 4,5 тони хартија и 2,5 тони пластичен отпад

Над 4,5 тони хартија и 2,5 тони пластика за само 13 недели се собрани и испратени на рециклирање преку проектот „Селектирам“ на невладината организација „Гоу Грин“. Отпадната амбалажа ја подигаа петмина собирачи од социјално ранливите категории граѓани, кои во периодот од август до декември работеа во 46 згради или со околу 2.000 домаќинства во општините Центар, Кисела Вода, Карпош...

На погон во Штип ќе му се одземе Б-интегрираната дозвола, горел гума и пластика без заштита

Државниот инспекторат за животна средина бара од Општината Штип да ја одземе Б- интегрираната дозвола на погонот за горење гуми и пластика САНС-АГ, заради непочитување на обврските од дозволата и сериозно загадување на воздухот и почвата. Инспекторите, во вонредна контрола во фирмата, која била направена по преставка на Министерството за одбрана, за да се утврди влијанието на работата на...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...