Како да се живее подобро за животната средина? – Упатства од „Гоу грин“

Фото: Мета.мк

Животната средина и местата за живеење бараат постојано внимание од секој поединец, бидејќи загадувањето доаѓа од најразлични страни, може секој да го предизвикува, и за тоа треба сите да внимаваме како се однесувам, порачува организацијата „Гоу грин“.

Таа акцентот го става на управувањето со отпадот и на законските мерки за тој важен сегмент на заедничкото живеење. Постапувањето со отпадот мора да биде „одржливо“, порачува „Го грин“

„Во септември оваа година, Република Северна Македонија ги транспонираше европските директиви за отпад и законски одредби на Европската унија и ги донесе 6-те пакет закони во делот на управување со отпад. Овие закони се донесоа со цел да се подигне свеста за намалувањето на отпадот, стратегиите за повторна употреба и рециклирање како и други слични политики на Европската Унија. Поедноставно кажано, мора да ги усогласиме нашите закони како тие би поттикнувале одржлив систем за управување со отпадот, а оттаму и заштита на животната средина“, порачува организацијата.

Главното внимание мора да биде посветено на спречувањето или намалувањето на создавање отпад, потоа реупотреба, рециклирање, користење на отпадот како гориво, и депонирање, како најнепосакувана опција за справување со отпад.

„Доколку почнеме да делуваме уште на почетокот на создавање на отпадот, директно влијаеме на количините со кои подоцна треба да се справуваме. Да тргнеме од себе, ако секој од нас почне да внимава што купува (потеклото, амбалажата, составот на производите) и притоа свесно одбира што ќе купи, како потрошувачи влијаеме на продажбата, со што ќе ги мотивираме компаниите да наоѓаат еко-решенија за пакувањето на нивните производи“, се вели во апелот од организацијата.

„Гоу грин“ потсетува дека „во нашиот систем на управување со отпад нема фукнционална примарна или секундарна селекција“, односно отпадот завршува на депонија и само 1,4 отсто од селектираниот пластичен отпад во земјава се обработува правилн, и тоа поради работењето на колективните постапувачи и неформалните собирачи.

„Кога би се намалил отпадот уште на самиот почеток, односно кај неговиот извор, ќе се создава помалку отпад што ги намалува трошоците за негово собирање, транспорт, преработка итн. За овој принцип да постигне што е можно поголем ефект, потребно е да се делува кај самите создавачи на отпад со презентирање на неколку насоки: да се користи што помалку суровинa за добивање на одреден производ и за неговата амбалажа, производот или амбалажата да имаат можност да бидат повторно употребени откако ќе заврши примарната употреба, производот да има „долга употребна вредност“. порачува „Гоу грин“.

Организацијата порачува дека втора мерка е забранување на употреба на пластични ќеси од 1 декември.

„Со ова, веќе нема да се произведуваат пластичните ќеси, а биоразградливте ќе се наплаќаат по 15 денари. Дефинитивно ова е момент за да ги смениме нашите навики и се освестиме за тоа колку отпад создаваме“, порачува организацијата.

Давајќи совети што дополнително секој граѓанин може да направи, „Гоу грин“ вели дека треба да се користат платнени торби, полнечки батерии, подарување или донирање облека, поправка апарати,итн“.

Со овие и други мерки, граѓаните во земјава и ќе го намалат количеството секојдневно произведен отпад и ќе придонесат да се намали загадувањето на животната средина, велат екологистите.

„Реупотребата или пренамената на определени производи го намалува количеството отпад во депонииите и заштедува нови ресурси. На пример, наместо да ја фрлиме конзервата од кафе, може да ја пренамениме во саксија, или кутија за чување пенкала. Има многу примри за вакви „направи сам“ пренамени на интеренет, за кои доколку имаме волја може лесно да се направат. Рециклирањето е на трето место во хиерархијата на управувањето со отпад и е актуелно решение имајќи во предвид дека има се помалку природни ресурси, а нивната употреба и примена е се’ поголема. Затоа мора да бидеме одговорни кон искористувањето на ресурсите и нивно рационално користење“, порачува „Гоу грин“

организацијата ја обележуваЕвропската недела за намалување на отпад (20-28 ноември) со организирање серија на настани и работилници со иновативен еко-караван кој вклучува мобилна станица за селектирање отпад.