Обвинителството бара политичките партии да не ја злоупотребуваат истрагата за „Феникс“

Јавниот обвинител не можел да знае кога некое од осомничените лица ќе биде запрен при обид да ја напушти државата со што ќе иницира неопходност за брзо дејствување, се вели во соопштението на обвинителството

-

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК) денеска, а по изјавите на дел политичари во врска со предметот „Феникс“, односно леењето на 11 споменици од проектот „Скопје 2014“ во Италија, побара политичките партии да престанат да ја злоупотребуваат во политички цели истражната постапка, како и кое било друго постапување на обвинителството.

„Ги потсетуваме сите политички чинители на пораката што во овој контекст пред само неколку дена ја упати американскиот Стејт департмент – лидерите на Северна Македонија мора да покажат силни, опипливи резултати во борбата против корупцијата, преку зајакнување на институционалната независност и ограничување на политичкото мешање, особено во судството, што е од суштинско значење за исполнување на целите за пристапување во ЕУ и градење доверба на граѓаните во владата“, се вели во соопштението.

ОЈО-ГОКК порачува дека и обвинителството и обвинителот што работи на случајот „преземаат дејствија за обезбедување докази, целосно водејќи се од начелата на правичност и заштитата на пресумпцијата на невиност“.

Истовремено, бидејќи во јавните коментари се споменува и временската рамка за преземањето на дејствијата, обвинителството понуди детална разработка за тоа како се работело досега, и што се случувало со извештајот за вештачењето и со апсењето.

Според обвинителството, материјално-финансиското вештачење, било примено на 01.06.2023 година. До јавниот обвинител документот е доставен на 05.06.2023 година. По негово проучување, на 12.06.2023 година јавниот обвинител до МВР веќе доставил Наредба со насоки.

„На 29.06.2023 година околу 11 часот, јавниот обвинител телефонски беше известен дека едно од осомничените лица е запрено на граничен премин во обид да ја напушти државата. Поради тоа, итно беше неопходно да започнат процесни дејствија соодветни на обидот за напуштање на државата, кој факт беше образложен од предметниот јавен обвинител и на одржаната прес конференција. Според тоа, јавниот обвинител очигледно не можел да знае кога некое од осомничените лица ќе биде запрено при обид да ја напушти државата со што ќе иницира неопходност за брзо дејствување“, се вели во соопштението.

Јавното обвинителство ги осудува сите обиди за јавна лична дискредитација на обвинителот кој максимално посветено и професионално постапува во предметот.

Истрага за „Скопје 2014“: Владимир Тодоровиќ во куќен притвор, Здравев во притвор, еден е во бегство

Љутков: Културата и европските престолнини на културата се моќен двигател за одржливиот развој

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков учествуваше на Состанок на министрите за култура од Западен Балкан. На состанокот на кој присуствуваа и еврокомесарите за проширување и за меѓугенерациска правичност, млади, култура...

Детектор анкета: Мерките за замрзнување не даваат ефект, граѓаните ги обвинуваат маркетите за инфлацијата

Само 16 проценти од граѓаните можат целосно да си ги покријат месечните трошоци за живот, покажува анкетата која за емисијата Детектор на Сител ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Третина...

Парламентарни избори во Косово

Во Косово денеска се одржуваат парламентарни избори, на кои граѓаните ќе можат да гласаат во 941 избирачки центар и 2,533 гласачки места. Косовските граѓани во дијаспората гласаа вчера во 30 дипломатски претставништва,...

Истрага против дилер на дрога во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 46-годишен скопјанец осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни сустанции и прекурсори по...

Љутков: Културата и европските престолнини на културата се моќен двигател за одржливиот развој

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков учествуваше на Состанок на министрите за култура од Западен Балкан. На состанокот на кој присуствуваа и еврокомесарите за проширување и за меѓугенерациска правичност,...