недела, 14 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: Skopje 2014 | 14 резултати

Притвор за Здравев и за уште едно лице за случајот „Феникс“, се чека одлуката за останатите

30 јуни 2023

Судија на претходна постапка му одредил 30-дневен притвор на поранешниот претседавач на Советот на Општина Центар, Владимир Здравев за злоупотреба на службената положба за случајот „Феникс“ – истрага која денеска ја обелодени Јавното обвинителство. Освен на Здравев, притвор за истиот случај му е определен и на Љ.Б., додека на лицето Т.Д. му е одреден домашен […]

Канческа-Милевска ослободена од обвинението за „Тендери“ за Скопје 2014

12 мај 2023

Поранешната министерка за култура Елизабета Канческа – Милевска е ослободена од обвинението за предметот познат како „Тендери“, а поврзан со проектот „Скопје 2014“. Судот тврди дека обвинителството не докажало дека обвинетите го сториле делото. Во овој предмет Канческа-Милевска беше обвинета од поранешното Специјално јавно обвинителство за злоупотреба на функцијата при изградбата на Скопје 2014. Канческа-Милевска […]

Се урива една од трите „галии“ во Вардар, дел од проектот Скопје 2014 (фото)

18 септември 2021

Еден месец пред локалните избори, на истекот на неговиот мандат, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, се пофали на Фејсбук дека урива една од трите „галии“ во реката Вардар кои беа дел од мегаломанскиот проект на ВМРО-ДПМНЕ, „Скопје 2014“. „Првата од 3-те галии во коритото на Вардар, почна да заминува во историјата“, напиша градоначалникот на Скопје, […]

Вистиномер: Проектот „Скопје 2014“ е проект на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски

11 септември 2021

„Вистиномер“ рецензираше изјава на Наташа Котлар – Трајкова, кандидат за градоначалник на Општина Центар од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Рецензијата на колегите од Вистиномер ја пренесуваме во целост. Кандидатката за градоначалник на Општина Центар од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Наташа Котлар – Трајкова, во интервју за Сител телевизија, на прашањето што ќе прави ако дојде на власт […]

Пановски: „СЈО за урбанизам“ за криминалите во градењето, упадот во зеленилото и системот

3 јануари 2019

За тоа како се случи Скопје да остане без зеленило, како „Скопје 2014“ го загади воздухот во Скопје, за висококатниците кај „Холидеј Ин“ и за тоа каде е излезот од урбанистичкиот ќорсокак во кој се загубија човечките димензии на главниот град на државата, „Мета“ разговараше со Мартин Пановски, претседател на Асоцијацијата на архитекти на Македонија […]

Споменикот на Ќосето отстранет од пред Врховен суд

22 февруари 2018

Споменикот на Андон Лазов Јанев – Ќосето ноќеска е отстранет од пред Врховниот суд во центарот на Скопје. Тој исто така беше поставен ноќе, помеѓу 6 и 7 септември 2014 година, исто така без најава. Тогаш беа поставени уште четири други споменици, во пресрет на прославата на 8 Септември. Споменикот на Андон Ќосето, кој од […]

Алаѓозовски: Ќе ја тргнеме државната заштита на незаконски впишаните споменици

20 февруари 2018

Со усвојувањето на Стратегијата за развој на културата 2018 – 2022 и aкцискиот план, Владата отвори процес на темелни реформи,  преструктуирање и обнова на културниот систем во Република Македонија, порача министерот за култура на прес-конференција на која ги презентираше двата документа. Тој најави и бришење од регистарот на сите незаконски впишани споменици. – Во изминатите […]

Богдановиќ го поништил решението за изградба на Шпанските скали

10 февруари 2018

Градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ, донел решение со кое го поништи и го огласи за ништовно издаденото одобрение на фирмата „Амадеус Девелопмент“ за изградба на објект за комерцијални и деловни намени на улица  11 Октомври бб во централното градско подрачје, соопшти Општина Центар. Надлежните во општината констатирале дека инвеститорот во рок од две години […]

СДСМ: Заради криминални тендери, ВМРО-ДПМНЕ сакаше да го уништи Скупи

16 јули 2017

„Додека ВМРО-ДПМНЕ ги подметнуваше новокомпонираните барокни градби како културно наследство, вистинското културно и историско наследство скапуваше и се распаѓаше. Додека ВМРО-ДПМЕ ги трошеше парите на граѓаните на стиропор и на лажен барок, најзначајните културно-историски објекти, како античкиот локалитет Хераклеја, скопскиот Аквадукт, археолошките остатоци на Плаошник, фреската „Ангелот од Курбиново“ во црквата „Свети Ѓорѓија“ и други, […]

Бочварски: Ребалансот на буџетот ги крати непотребните трошења

16 јули 2017

Ребалансот на буџетот ги крати непотребните трошоци, а парите се враќаат назад кон граѓаните и со него, ќе се обезбедат пари за трајно решавање на проблемот на стечајните работници, околу 70.000 граѓани веќе од септември ќе добијат повиска минимална плата од 12.000 денари, ќе се зголемат средствата за подигнување на ученичкиот стандард и повисоки стипендии и школарини, […]

Страна 1 од 1