fbpx

Русија спречила напад на Москва со пет украински дронови

Во самата Украина, пак, ситуацијата е траурно иста како во текот на последните речиси 15 месеци како резултат на руските ракетни напади

-

Украина извршила напад со дронови (беспилотни летала) на Москва, поради што морале да бидат пренасочувани летови од и до меѓународниот аеродром „Внуково“, јави Би-Би-Си, повикувајќи се на руското Министерство за одбрана.

Биле користени пет дронови во нападот во текот на денешниот ден, а нивна цел биле локации во поширокиот регион околу главниот град. Руското Министерство за одбрана вели дека сите биле соборени и немало човечки жртви или штети.

Ова е првпат да се зборува за напад на повеќе дронови врз Москва и нејзината околина од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари 2023 година. Украина досега не прифати одговорност за наводниот напад.

Во самата Украина, пак, ситуацијата е траурно иста како во текот на последните речиси 15 месеци, јавува украинската државна новинска агенција Укринформ.

Руските сили извршиле 56 воздушни напади и 77 напади со повеќецевни ракетни лансери (ПРЛ) врз воени цели и населени места во Украина во последните 24 часа.

Напади со беспилотни летала се извршени врз областа Никопол во регионот Днипропетровск, при што се фрлени гранати во селото Марханец, но нема загинати.

Во регионот Херсон во изминативе 24 часа руските сили извршиле 68 напади, при што повредени се шест лица. Испукани се 402 гранати и ракети од минофрлачи, артилериски орудија, повеќецевни ракетни лансери „Град“ и од беспилотни летала. Врз градот Херсон се истрелани 35 гранати од руските сили.

Во текот на вчерашниот ден во регионот Донецк во рускиот напад бил убиен еден цивил, а повредени двајца.

Бројката на жртви во вчерашниот руски напад со беспилотни летала на градот Суми, пак, вчеравечер се искачи на три, а бројката на повредени на 21.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...