недела, 19 април, 2026
Meta.mk

Ознака: споменици | 40 резултати

Контраспин: Како Мицкоски пронајде врска меѓу истрагата за спомениците и идентитетот

јули 6, 2023

Случајот може да се разгледува од неколку аспекти, кривично-правен, политички, односно влијание на политиката врз правосудството, корупциски/антикорупциски, на залудно потрошени/украдени пари (33 – те градинки на СДСМ, иако и тоа е спин само по себе), но никако не може да се разгледува од аспект на случај кој во позадина го загрозувал македонскиот идентитет. Токму таква […]

Обвинителството бара политичките партии да не ја злоупотребуваат истрагата за „Феникс“

јули 4, 2023

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК) денеска, а по изјавите на дел политичари во врска со предметот „Феникс“, односно леењето на 11 споменици од проектот „Скопје 2014“ во Италија, побара политичките партии да престанат да ја злоупотребуваат во политички цели истражната постапка, како и кое било друго постапување на обвинителството. […]

Бистата на херојот Ванчо Прке во центарот на Штип осквернавена со кукаст крст [галерија]

мај 3, 2023

Спомен-бистата на народниот херој Ванчо Прке во центарот на Штип е осквернавена со кукаст крст, којшто е исцртан на неговата глава. Екипа на Мета.мк викендов беше во Штип и го забележа вандалскиот чин врз спомен-бистата, која е лоцирана пред зградата на Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип и на помалку од стотина метри од […]

ФОТО-ВЕСТ: Во Скопје споменици оставени да ги врне пред музеј, во Загреб се заштитени

март 25, 2023

Споменици од вредното историско минато на земјава се оставени пред Музејот на град Скопје без соодветна заштита од атмосферски влијанија. Наместо спомениците да бидат покриени со стреи, веќе неколку години наназад тие се оставени без заштита од врнежите од дожд и снег. На дел од спомениците видливо е дека има мов како резултат на влагата. […]

Софиските власти сакаат да го срушат споменикот на советската армија во центарот на градот

март 10, 2023

Општинскиот совет на Софија гласаше за отстранување на споменикот на советската армија, кој е лоциран во центарот на бугарскиот главен град, јавува mediapool.bg. Високо мнозинство од 41 советник ја поддржаа одлуката за да се побара од државата да го тргне овој реликт од поранешниот комунистички режим. Самиот споменик е во државна сопственост, така што општината […]

Вистиномер: Проектот „Скопје 2014“ е проект на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски

септември 11, 2021

„Вистиномер“ рецензираше изјава на Наташа Котлар – Трајкова, кандидат за градоначалник на Општина Центар од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Рецензијата на колегите од Вистиномер ја пренесуваме во целост. Кандидатката за градоначалник на Општина Центар од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Наташа Котлар – Трајкова, во интервју за Сител телевизија, на прашањето што ќе прави ако дојде на власт […]

Некогаш царска, Софија сега живее и „се вози“ во 21. век (репортажа)

јуни 21, 2021

Според многумина „главната“ софиска улица „Витоша“, односно како што многу почесто ќе чуете од софијанци „Витошка“, во вечерта на денот кога официјално беше соопштено дека во Бугарија пристигнал особено опасниот „индиски“ сој на корона вирусот не оддаваше впечаток дека се случува нешто невоообичаено, а не пак дека во земјата стасала нова опасна закана. Во четвртокот […]

Поставени плочки на спомениците од „Скопје 2014“, се менува и Сонцето од Вергина (галерија)

август 15, 2019

Утрово во центарот на Скопје осамнаа плочки на спомениците на Александар Велики, Филип Втори и Олимпија, на кои е напишан текст дека овие историски фигури им припаѓаат на античката Хеленска историја и цивилизација и на светското културно и историско наследство. Воедно, привршува отстранувањето на шеснаесеткракото сонце од инфраструктурата, јавните згради и спомениците во Скопје. Ваквиот […]

Спомениците ќе имаат натписи со појаснувања, химната останува иста, велат од Владата

јуни 13, 2018

Државните институции, оние кои се финансираат од државата, ќе мора да се прилагодат и да го следат духот на договорот со Грција, одговори портпаролот на Владата Миле Бошњаковски на прашањето за евентуална промена на имињата на АРМ, МАНУ, МРТ, МНТ. Тој информираше дека средбата на двајцата премиери Зоран Заев и Алексис Ципрас ќе се одржи […]

Тевдовски: Најновата еврообврзница е со досега најниска каматна стапка

јануари 12, 2018

Парите од еврообврзницата, со која Македoнија на странскиот пазар се задолжи за половина милијарда евра, ќе бидат потрошени за покривање на буџетскиот дефицит, враќање на стари долгови, реализација на капитaлни инвестиции, зголемување на средствата за одбраната и за зголемени плати во образованието и здравството, информираше денеска министерот за финансии, Драган Тевдовски. Според него, историски најниската […]

Елаборатите за спомениците од „Скопје 2014“ тргнале, ама уште не стигнале во Владата

ноември 16, 2017

Владата тврди дека Министерството за култура сè уште ги нема доставено елаборатите подготвени од работната група за некои од спомениците од проектот „Скопје 2014“, но од Министерството велат дека елаборатите се испратени до сите надлежни институции. Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, на денешниот брифинг рече дека до Владата сè уште не се пристигнати елаборатите и […]

Владата ќе одлучува што со „Воинот на коњ“, „Ќосето“ и „Мајка Тереза“

ноември 13, 2017

Министерството за култура ги добило од работната група првите елаборати за спомениците на Андон Јанев – Ќосето кај коплексот судови, на „Мајка Тереза“ и за „Воин на коњ“ на плоштад „Македонија“, соопшти министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, кој денеска учествуваше на конференцијата за програмата на Европската Унија „Креативна Европа“. Елаборатите, како што изјави Алаѓозовски, ќе […]

ВМРО-ДПМНЕ: Сè што СДСМ ќе урне, ќе го обновиме кога ќе се вратиме на власт

ноември 3, 2017

ВМРО-ДПМНЕ порача вечерва дека сè што СДСМ „ќе урне и ќе уништи од она што е создадено, веднаш по враќањето на власт ќе биде обновено и вратено таму каде што било и такво како што било“. Опозициската партија се закани и дека ќе се бара одговорност за секој што ќе учествува во разни уривања, уништување или преместувања. Во […]

Донаторите на споменикот на Ќосето ќе останат без просториите во Скопје

октомври 31, 2017

Владата на денешната 34. седница, меѓу другото, ќе одлучува и за одземање на просториите во Скопје на Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин, кое се јавува како донатор на неколку споменици од проектот „Скопје 2014“. „На дневниот ред на Владата ќе се најде и предлог-одлуката за престанок на трајно користење […]

Непобедени се сите оние кои се бореле за слобода, порача Шекеринска од Прилеп

октомври 11, 2017

Непобедени се сите оние кои се бореле за слобода и како резултат на нивната борба пред многу години, денес Македонија е независна и суверена држава, но секоја генерација има своја борба, изјави за медиумите вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, во рамките на денешната свеченост во Прилеп по повод 11 Октомври – Денот на […]

Врхушката на ВМРО-ДПМНЕ барала амнестија, Заев тврди дека не прифатил

јуни 6, 2017

Имаше барања од врхушката на поранешната владејачка партија, но тие барања беа отфрлени, изјави вечерва премиерот Зоран Заев во интервју за националниот сервис МРТВ, одговарајќи на прашањето дали во изминатиот период имало разговори за амнестија на функционери од ВМРО-ДПМНЕ. Тој истакна дека правдата мора да важи за сите, односно дека дури и неговите најблиски соработници и членови […]

Сириската војска целосно ја презела контролата врз Палмира од милитантите на ИД

март 2, 2017

Сириската војска, поддржана од Русија, целосно ја презела контролата врз античкиот град Палмира од милитантите на Исламска држава, потврдиле властите во Дамаск и во Москва, јавува „Би-би-си“. Војската на Сирија и други провладини сили, според извештаите, навлегле во градот и ги истиснале милитантите на ИД, со што ставиле крај на втората окупација на Палмира од […]

ИД го уништила Тетрапилонот во Палмира

јануари 20, 2017

Екстремистите на Исламска држава го уништиле Тетрапилонот, еден од најпознатите споменици во древна Палмира, како и фасадата на Римскиот театар, јавуваат сириските медиуми. Сириската новинска агенција САНА не објави детали, ниту прецизира кога спомениците се оштетени. Џихадистите на ИД минатата година уништија неколку древни храмови во Палмира. Тетрапилон е платформа на која се наоѓаат четири […]

Подземен контејнер пред споменикот на Григор Прличев во Охрид

септември 9, 2016

По Струга и Дебар, како дел од проектот на Центарот за развој на Југозападниот плански регион, и во Охрид ќе бидат поставени три подземни контејнери во централното градско подрачје. Локациите биле предложени од секторот за комунални дејности, сообраќај и улици и од секторот за урбанизам на Општината, а биле усвоени на седница на Советот на Охрид. […]

Битолчани обвинуваат дека се крадат надгробни плочи од градските гробишта

септември 7, 2016

Битолчанецот Томе Таповски обвинува дека непознати сторители го сквернавеле гробот на неговата мајка на Светонеделските гробишта во Битола. Мермерните плочи од сите четири страни биле извадени, сè до бетонот. Таповски се сомнева дека можеби мермерните плочи се крадат за да се препродаваат бидејќи и други битолчани се соочиле со вакво непријатно искуство, односно останале без […]

Страна 1 од 2