fbpx

Поставени плочки на спомениците од „Скопје 2014“, се менува и Сонцето од Вергина (галерија)

На плочките од спомениците на Александар Велики, Филип Втори и Олимпија е напишан текст дека овие историски фигури им припаѓаат на античката Хеленска историја и цивилизација и на светското културно и историско наследство

-

Утрово во центарот на Скопје осамнаа плочки на спомениците на Александар Велики, Филип Втори и Олимпија, на кои е напишан текст дека овие историски фигури им припаѓаат на античката Хеленска историја и цивилизација и на светското културно и историско наследство. Воедно, привршува отстранувањето на шеснаесеткракото сонце од инфраструктурата, јавните згради и спомениците во Скопје.

Ваквиот потег на македонските власти е резултат на склучениот Преспански договор, во чии рамки има посебен член што се однесува на симболите и историските личности што се дел од наследството на двете соседни земји. Во член 8, став 2 се вели:

„Во рок од шест месеци од влегувањето во сила на оваа Спогодба, Втората страна ќе го преиспита статусот со спомениците, јавните згради и инфраструктурата на нејзината територија и доколку истите на кој било начин упатуваат на античката елинска историја и цивилизација, што претставува составен дел од историското или културното наследство на Првата страна, ќе преземе соодветни корективни дејствија со цел делотворно да го разгледа прашањето и да обезбеди почитување на таквото наследство“.

И покрај тоа што се појавија многу прашања околу легалноста на постапката за нивна изградба, за што Министерството за култура формираше и посебна комисија, македонската влада уште во јуни 2018 година соопшти дека нема намера да ги руши „Воинот на коњ“ и другите споменици од проектот „Скопје 2014“. Тогашниот портпарол Миле Бошњаковски истакна дека со поставувањето плочки со натписи на спомениците ќе се објасни дека тие се симболи на грчката култура.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...