fbpx

ЗНМ го осудува Мицковски за етикетирањето на новинарите од 1ТВ

-

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) ја осудува објавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во која тој на непримерен начин ги опишува новинарите и уредниците на 1ТВ и нивното работење. Лидерот на опозициската партија на својата Фејсбук-страница ги обвинува новинарите на оваа телевизија дека биле пристрасни и биле плаќани на сомнителен начин.

Од ЗНМ велат дека работата на новинарите и медиумите ја оценува јавноста и професионалните здруженија, а ваквите објави на политички лидери единствено придонесуваат во намалување на довербата на јавноста во медиумите.

„Мицкоски го нарушува принципот на пресумпција на невиност земајќи во предвид дека овој случај е во истражна постапка, а според објавите во медиумите нема индиции за вмешаност на новинарите од оваа телевизија“, се нагласува во соопштението на ЗНМ.

Новинарското здружение повторно апелира до македонските политичари да престанат со ширење на квалификации за новинарите. Воедно, тие информираат дека меѓународната заедница ќе биде известена за актуелниот тренд на водење на црни кампањи кон новинарите од страна на политичари.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во својата објава од 13 август вели дека во оваа телевизија везден беседеле властодршците, алудирајќи на претставници на актуелната власт. Тој упатува и прашање до поранешни и сегашни новинари од 1ТВ за тоа како и колку се вистинити бројките во книгите на телевизијата за нивните месечни примања.

„Или има нешто можеби од медот, или па можеби ги праша некој вработените таму дали и како издржуваат со 12.000 денари плата во месецот (на минималец пријавени)“, вели Мицкоски во својата објава од пред два дена.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...