fbpx

Со турски дрезини во иднина ќе се одржуваат македонските пруги

Станува збор за инвестиција вредна над 2 милиона евра, со која делумно ќе се обнови возниот парк задолжен за одржување на пругите низ земјава

-

Јавното претпријатие за железничка инфраструктура – Железници на РСМ набави две нови дрезини за одржување на железничката инфраструктура во земјава. Станува збор за инвестиција вредна над два милиона евра, со која делумно ќе се обнови возниот парк задолжен за одржување на пругите низ земјава.

Како што се наведува во објавениот договор на Електронскиот систем за јавни набавки, дрезините ќе бидат набавени од турската компанија „Технички железнички системи, Пејзаж изградба, инженеринг, индустрија и трговија со ограничена одговорност“ од Анкара. Цената за една дрезина изнесува 1.045.000 евра, без ДДВ. Турската компанија е должна да го испорача возниот парк во рок од 130 дена по добивањето на порачката од ЈП за железничка инфраструктура.

Договорот со турската компанија е склучен на почетокот од август годинава, од досегашниот директор на ЈП за железничка инфраструктура Ирфан Асани. Понудата доставена од фирмата од Турција била единствена на распишаниот тендер.

Идентично како и кај локомотивите и вагоните на Железници на РСМ – Транспорт, возниот парк за одржување на македонските пруги е стар неколку децении и е само делумно обновен изминативе години.

Дрезините се специјални железнички возила што служат за изградба и реконструкција на пругите, како и за изведба и редовно одржување на контактната мрежа на електрифицираните пруги.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

И годинава документите за упис во средно ќе треба да се достават и електронски и во хартиена форма

Министерството за образование и наука (МОН) денеска го објави конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2024/2025 година. Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши...