сабота, 16 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: проект Скопје 2014 | 24 резултати

15 луѓе, преку пет држави, за 11 споменици – истрага за тоа како се переле пари од „Скопје 2014“

јуни 30, 2023

Воинот на коњ, двата пара лавови, Гоце Делчев, Даме Груев, Никола Карев, Методија Андонов Ченто, Цар Самоил, Јустинијан Први, АСНОМ, Основачите на ВМРО. Ова се единаесетте споменици за кои Јавното обвинителство, по долги години предистражна постапка, отвори истрага – сомнежите се дека 15 лица переле пари за нивното леење во Италија. Од буџетот на граѓаните […]

Уапсени ексградоначалникот Тодоровиќ и поранешниот претседател на Советот на Центар, Здравев

јуни 30, 2023

Под сомнение за перење пари и за злоупотреба на службената положба, вчера во попладневните часови и во текот на вечерта од страна на полициски службеници од МВР – Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал, а по налог на обвинителството, уапсени биле пет лица, потврдија утринава од МВР. Засега непотврдените информации се дека меѓу […]

ФИНКИ и Факултетот за физичка култура ќе продолжат да се градат годинава, но не во барокен стил

февруари 6, 2023

Повеќе од единаесет години по основањето, најголемиот факултет во државата никако да добие свој сопствен објект. Бројот на студенти на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) од година в година се зголемува, а „туѓите“ простории што ги користи институцијата и за кои плаќа кирија, стануваат премали за да ги задоволат потребите. Тесно е […]

Повторно пропадна камион во фонтаната од 2,5 милиони евра на плоштад „Македонија“

август 30, 2022

Површинската фонтана на плоштадот „Македонија“ е магнет за камиони. По неколку месеци, денеска повторно пропадна камион во фонтаната од проектот „Скопје 2014“, за чија изградба се потрошија над 2,5 милиони евра. На централниот скопски плоштад во моментов течат подготовките за организација на годинешното издание на „Пиволенд“. Од Градот Скопје најавуваат санкции против субјектот чиј камион […]

ЈП „Паркови и зеленило“ ги покри палмите од „Скопје 2014“ за да не измрзнат

јануари 26, 2022

Палмите коишто беа поставени во рамките на проектот „Скопје 2014“ деновиве добија заштитни вреќи за да не измрзнат. ЈП „Паркови и зеленило“ информираат дека палмите покрај Кејот „13 Ноември“ во центарот на Скопје превентивно ги заштитиле поради ниските температури на воздухот. „Деновиве нашите екипи превентивно ги заштитуваа крошните на палмите на кејот на Вардар“, се […]

Град Скопје: Обврска да ја отстрани галијата кај Холидеј Ин е на оној што ја поставил

јануари 14, 2022

И покрај тоа што Градот Скопје го започна рушењето на една од трите галии во строгиот центар, по неколку месеци од почетокот на постапката објектот спроти Холидеј Ин не е отстранет. Новата градска власт вели дека самиот инвеститор којшто ја изградил галијата е оној што треба да ја отстрани од речното корито во Вардар. Мета.мк […]

Паднато дрво со денови закотвено во коритото на Вардар, на терен „галиите“ не се рушат [фото]

јануари 11, 2022

Паднато дрво и друг отпад со денови се закотвени во речното корито на Вардар во центарот на Скопје. Мета.мк на 2 и 9 јануари ја забележа препреката од дрво кај една од „галиите“ спроти Археолошкиот музеј, додека денеска истото дрво беше закачено на една од врбите и повеќе од една недела наназад не е отстрането. […]

ВМРО-ДПМНЕ повторно сака промена на имиња на улиците: Од „Ленинова“ во „Аминта III“, од „Блаже Конески“ во „ВМРО“

декември 29, 2021

ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на Советот на град Скопје побара повторно да се променат имињата на улиците, булеварите и мостовите во главниот град. Ваквиот предлог беше ставен на седницата од страна на советничката Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ, а советниците со 24 гласови „ЗА“ од ВМРО-ДПМНЕ, Левица и Алијанса за Албанците прифатија оваа точка да се […]

Градот го почна отстранувањето на првата галија од коритото на Вардар, сопственикот негодува

април 5, 2021

Градот Скопје денеска почна да ја отстранува првата од трите галии во коритото на реката Вардар. Станува збор за галијата поставена спроти хотелот „Холидеј ин“, информираат градските власти. Демонтажата ќе ја вршат екипите на ЈП „Улици и патишта“ во наредните неколку недели, и тоа на трошок на фирмата која досега управуваше со галијата во својство […]

„Порта Македонија“ повеќе не е дел од културното наследство, власта треба да ја одреди нејзината иднина

март 23, 2021

Министерството за култура ја тргнало заштитата на „Порта Македонија“ од Регистарот на недвижно културно наследство на земјава, објавува „Независен.мк“. Со тргнувањето на заштитата на Триумфалната порта, се отвора можноста за рушење на ова здание од „Скопје 2014“, кое узурпира јавен простор и е поставено на среде раскрсница меѓу улиците „11 Октомври“ и „Димитрие Чуповски“ во […]

Министерството за транспорт и врски потврди дека нема да се градат „Шпанските скали“ на плоштад

август 27, 2020

Второстепениот орган при Министерството за транспорт и врски, ја одби жалбата на инвеститорот Амадеус Девелопмент ДООЕЛ за изградба на „Шпанските скали“, со што на сила останува решението издадено од општина Центар за ништовност на одобрението за градење на таканаречените „Шпански скали“, информираат од општина Центар. Инаку, општина Центар, на 12.5.2020 година, донесе решение со кое […]

Здружението „Плоштад Слобода“ бара граѓаните преку јавна анкета да се изјаснат за „Мал Ринг“

јули 27, 2020

До градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ и до претседателката на Советот на Општина Центар Цветанка Симоновска, Здружението „Плоштад Слобода“ поднесе барање за продолжување на јавната анкета по Предлог – Детaлниот урбанистички план за градска четврт Ц01 – Мал ринг 1 за до крајот на август. „Поради тоа што се одбиени сите апели на професионалните, […]

Архитектите бараат од Општина Центар да го повлече и преработи предложениот ДУП Мал Ринг

јули 21, 2020

Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) остро реагира и бара општина Центар да го повлече и преработи Предлог – Детaлниот урбанистички план за градска четврт Ц01 – Мал ринг 1, за кој е закажана јавна презентација и јавна анкета на 22.07.2020 година (среда) во 10.00 часот. „Причината заради која бараме да го повлечете предлог – […]

Анализа: „Панорамското тркало“ и „Вртелешката во Луна парк“ под лупа на ревизорите

февруари 10, 2020

Како се делеле јавни набавки, колку пати и со која цел се менувале Годишните планови за јавни набaвки, кои се слабостите и последиците – ова се клучните прашања кои ги третира државниот ревизор во извештајот „Ефективност на политиките, мерките и активностите при доделувањето на договорите за јавни набавки на ниво на ЈП на Град Скопје“, пишува […]

Со милионите за катните гаражи од „Скопје 2014“ во целост ќе се решеше паркирањето (инфографик)

јануари 14, 2020

Погрешните политики за решавање на проблемот со паркирањето во минатото го направија уште поакутен недостигот на паркинг места во Скопје денес. Споредбените податоци што ги анализираше „Мета.мк“ покажуваат дека парите вложени во катните гаражи од „Скопје 2014“ ќе беа доволни за решавање на проблемот со недостигот на околу 8.000 паркинг места во главниот град, а […]

Излегоа на виделина долговите на штипски „Бетон“

декември 2, 2019

Над 16 милиони евра се побарувањата на доверителите на фирмата во стечај „Бетон“ – Штип, коишто денеска на испитното рочиште ги прифати стечајниот управник Драги Димовски. Оспорени се помалку од девет милиони евра побарувања. Токму оспорените се јавија на денешното рочиште во штипскиот Основен суд, каде стечајниот уравник се изјасни по приговорите. Стечајниот управник Димовски […]

„Барокната“ градска куќа оди на продажба, ВМРО – ДПМНЕ против одлуката

септември 26, 2019

По предлог на градоначалникот Петре Шилегов, Советот на град Скопје на денешната седница ја изгласа одлуката за продажба на „барокниот“ објект под Скопското Кале, во кој требаше да се смести градската администрација. Оваа зграда, дел од проектот „Скопје 2014“ ќе се продава по почетна цена од 12,7 милиони евра, колку што е проценета нејзината вредност. […]

Поставени плочки на спомениците од „Скопје 2014“, се менува и Сонцето од Вергина (галерија)

август 15, 2019

Утрово во центарот на Скопје осамнаа плочки на спомениците на Александар Велики, Филип Втори и Олимпија, на кои е напишан текст дека овие историски фигури им припаѓаат на античката Хеленска историја и цивилизација и на светското културно и историско наследство. Воедно, привршува отстранувањето на шеснаесеткракото сонце од инфраструктурата, јавните згради и спомениците во Скопје. Ваквиот […]

Павлопулос: Ветото за членство на Македонија во ЕУ не е грчка, туку европска позиција

декември 4, 2016

Македонија мора да знае дека за да стане дел од европското семејство не смее да покажува иредентистички ставови кон друга држава, порачува грчкиот претседател Прокопис Павлопулос. Во интервју за грчката државна телевизија ЕРТ, Павлопулос отворено посочи дека Грција има право на вето за нашето ЕУ-членство доколку македонската влада продолжи да го прекршува европското право преку […]

Жерновски денеска во СЈО за „Скопје 2014“

јули 26, 2016

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, денеска во 11 часот треба да се појави во Специјалното јавно обвинителство, каде е повикан да даде исказ во врска со проектот „Скопје 2014“ и со деталниот урбанистички план Мал Ринг. – Се работи за централното градско подрачје, каде што се сместени спомениците и објектите од владиниот проект „Скопје 2014“ – се […]

Страна 1 од 1