fbpx

ЈП „Паркови и зеленило“ ги покри палмите од „Скопје 2014“ за да не измрзнат

-

Палмите коишто беа поставени во рамките на проектот „Скопје 2014“ деновиве добија заштитни вреќи за да не измрзнат. ЈП „Паркови и зеленило“ информираат дека палмите покрај Кејот „13 Ноември“ во центарот на Скопје превентивно ги заштитиле поради ниските температури на воздухот.

„Деновиве нашите екипи превентивно ги заштитуваа крошните на палмите на кејот на Вардар“, се пофалија на Фејсбук од ова јавно претпријатие под ингеренции на Град Скопје.

Инаку, палмите во центарот на Скопје беа засадени во 2015 година во периодот кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт. Од вкупно 138 палми што беа засадени во тој период, скопската зима во изминативе години ја преживеаја само десетина палми. Овие дрвја од топлите краишта беа засадени од државното јавно претпријатие „Македонски шуми“, но ЈП „Паркови и зеленило“ ја презеде обврската да ги одржува.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
ФИНКИ

ФИНКИ бара Владата да ги ослободи бараките на Техничкиот кампус, во спротивно најавува протести и штрајк

Најбројниот факултет во земјава – Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) бара од Владата решение за просторниот проблем со кој се соочува институцијата. Со повеќе од 5.000...