fbpx

Излегоа на виделина долговите на штипски „Бетон“

-

Над 16 милиони евра се побарувањата на доверителите на фирмата во стечај „Бетон“ – Штип, коишто денеска на испитното рочиште ги прифати стечајниот управник Драги Димовски. Оспорени се помалку од девет милиони евра побарувања. Токму оспорените се јавија на денешното рочиште во штипскиот Основен суд, каде стечајниот уравник се изјасни по приговорите.

Стечајниот управник Димовски во краткиот телефонски разговор само потврди дека се работи за вкупно 581 правен субјект и физички лица кои пријавиле побарувања. Димовски не одговори кои се најголемите доверители на „Бетон“ со образложение дека списокот е долг. Има 124 фирми кои пријавиле дека штипски „Бетон“ им должи.

Основниот суд од Штип информираше дека оние доверители кои се одбиени, имаат право да поднесат тужба и доказите да ги понудат на судот. Од друга страна, довчерашните акционери на градежната компанија неодамна изјавија дека еден од поголемите должници им е државата, од која побаруваат средства за изградбата на подпатници, надпатници и други градежни работи за експресниот пат Штип – Кочани, а на суд се и со грчката компанија „Интекат“ за ненаплатени позиции за изградбата на новата Клиничка болница во Штип.

Како ќе тече понатаму постапката, ќе се знае идната недела, кога доверителите ќе одлучат дали ќе прифатат реорганизација или ликвидација на фирмата. „Бетон“ – Штип беше избран да работи на неколку објекти од проектот „Скопје 2014“. Со стечајот, незавршена остана зградата на ФИНКИ во Универзитетскиот комплекс во Скопје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Оживува пропагандата за непостоечка продажба на органи од украински војници

Проверувачи на факти од Украина веќе пишуваат дека ова видео претставува дел од руската пропаганда. Центарот за борба против дезинформации објавува на Фејсбук дека станува збор за невистина. Во...