fbpx

СДСМ се противи на враќањето на Ќосето: ДПМНЕ ги враќа спомениците на режимот

Од СДСМ за споменикот на Ќосето велат дека „тој не треба да биде никогаш повеќе поставен каде било, неговото место е во негативните поглавја од македонската историја“

-

Скопје две години е град без перспективи, со нефункционални институции, преплавен со ѓубре, без достоен јавен превоз, без ниту еден реализиран нов капитален проект. И наместо да понуди решенија, антиевропската партија ДПМНЕ, предводена од Христијан Мицкоски, на скопјани им нуди споменици од режимот, како оној на Андон Јанев – Ќосето, историски контроверзна личност – еден од најголемите крвници на македонскиот народ. Ваква е реакцијата на СДСМ откако скопската градоначалничка Данела Арсовска денеска кажа дека доставила иницијатива до Советот на Град Скопје за повторно поставување на спомен обележјето Ќосето.

„Споменикот на Андон Јанев беше бесправно поставен од страна на режимот и затоа беше отстранет. Неговата локација пред зградата на судот беше сфатено како порака за партиска послушност на судиите на тогашната власт. Најавата за повторно поставување на споменикот на Ќосето е продолжување на матрицата на Никола Груевски и режимската антиевропска ДПМНЕ и ништо друго“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Од таму додаваат дека преку својата советничка група ќе се спротивстават на предлогот за враќање на споменикот, бидејќи „тој не треба да биде никогаш повеќе поставен каде било, неговото место е во негативните поглавја од македонската историја“.

Од Кабинетот на Данела Арсовска денеска соопштија дека градоначалничката доставила иницијатива за повторно поставување на отстранетиот споменик, но овојпат на нова локација – на крстосницата помеѓу булеварите „Александар Македонски“ и „Беласица“ во близина на хотелот Континентал и трговскиот центар Ист Гејт Мол.

Данела Арсовска за Ќосето напиша дека „се работи за исклучително важна историска личност и еден од најголемите македонски револуционери чиј споменик неправедно и шверцерски беше отстранет од претходното градско раководство“.

„Нема да дозволиме споменикот на македонскиот револуционер да ‘рѓосува по магацини, затоа апелираме час поскоро оваа точка да биде ставена на дневен ред во Советот на Град Скопје и веднаш да биде изгласана“, напиша Арсовска во својата објава на Фејсбук.

Инаку, во април годинава, со мнозинство гласови Советот на Општина Аеродром усвои иницијатива на советничката група на партијата Левица за споменикот на Ќосето да се постави на територијата на оваа општина – во паркот во Горно Лисиче. Иницијативата на советниците од Левица беше поддржана од советниците на ВМРО-ДПМНЕ.

И Данела Арсовска со иницијатива за враќање на споменикот на Ќосето

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...