fbpx

Џафери: Претседателот на Собранието има право да ја прекине седницата

Собранискиот спикер и пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања за тоа кој го прекршил собранискиот деловник, а кој дезинформира околу процедурите за седницата за уставни измени

-

Откако опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска го обвини собранискиот спикер Талат Џафери дека спротивно на Деловникот ја одложил точката за гласање за уставните измени на собраниската седница, Џафери на прес-конференција одговори дека партијата ја дезинформира и манипулира јавноста.

Претседателот на Собранието рече дека имал целосно право и се водел од неговата политичка проценка за одлуката да ја прекине седницата откако расправата беше исцрпена и требаше да се гласа за уставните измени.

„Претседателот на Собранието може да ја прекине седница ако нема мнозинство пратеници потребни за одлучување и во други случаи кога ќе оцени дека тоа е неопходно. Ова е текстот на членот 81 став 1 врз основа на кој сум ја прекинал седницата, а во ставот 5 е санкционирано дека времето за продолжување на прекинатата седница го определува претседателот на Собранието“, рече Џафери.

Тој додаде дека претходно ги известил пратениците и тие го знаеле исходот од седницата.

Реакцијата на Талат Џафери следеше откако претходно опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ реагираше дека собранискиот спикер го прекршил Деловникот со прекинувањето на гласањето. Пратеникот од оваа партија, Миле Лефков, на прес-конференција побара Џафери да ги стави на гласање уставните измени.

„Според Деловникот, гласањето мораше да се случи во петокот кога беше завршен претресот и имаше обезбедено кворум за гласање. Талат Џафери свесно го прекрши Деловникот за работата на Собранието за да им овозможи на ДУИ и СДСМ да останат на власт ден повеќе. Го повикуваме Талат Џафери да се вразуми и да ги стави на гласање уставните измени“, изјави Лефков.

Собранието во петокот ја почна и заврши расправата за Предлогот за пристапување кон измена на Уставот, со кој се предвидува внесување на Бугарите и на уште пет други етнички групи во преамбулата на Уставот. Последно обраќање имаше координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески, по што собранискиот спикер Талат Џафери ја прекина работата на оваа седница и информираше дека за продолжението ќе има дополнително известување.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Очајна екипираност – во просек еден обвинител има по 180 нови предмети годишно

Во просек, на годишно ниво секој јавен обвинител од основно обвинителство работел на по околу 180 нови предмети, покажува Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства за 2023 година...