Архитектите бараат од Општина Центар да го повлече и преработи предложениот ДУП Мал Ринг

-

Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) остро реагира и бара општина Центар да го повлече и преработи Предлог – Детaлниот урбанистички план за градска четврт Ц01 – Мал ринг 1, за кој е закажана јавна презентација и јавна анкета на 22.07.2020 година (среда) во 10.00 часот.

„Причината заради која бараме да го повлечете предлог – планот е едноставнa. Во планот се планирани истите објекти кои беа спорни и во претходниот криминален план со кој беше овозможена изградба на објектите од таканаречениот проект „Скопје 2014“. Како најголемо здружение на архитектите во Република Северна Македонија, ААМ се залагаше за институционална ревизија на проектот „Скопје 2014“ и институционално справување со насилниот чин на промена на централното градско подрачје. Но, тоа не го дочекавме. Напротив, со овој предлог план вие давате институционална потврда и реафирмација на изградениот, но што е уште пострашно, и на неизградениот дел од проектот „Скопје 2014““, се вели во соопштението на ААМ, упатено до градоначалникот на Центар Саша Богдановиќ и претседателката на општинскиот совет, Цветанка Симоновска.

Од ААМ се зачудени, бидејќи на 17 декември 2017 година општина Центар донела одлука, која сѐ уште важи, за мораториум на градба во општината додека сите планови не се ревидираат.

„Новите ревидирани планови ги носите по приоритет, притоа условите за приоритетот по кој се носат плановите никогаш не ѝ беа соопштени на јавноста. Бидејќи овој план е повеќе од 90 отсто реализиран, ААМ подразбира дека приоритет ви е изградба на Споменикот Мајка Тереза (поставен врз ул.Орце Николов), т.н. Шпански скали, потврда на додадениот трем на Стоковната куќа НАМА од арх. Славко Брезовски и потврда на статусот на заштита на Спомен куќата на Мајка Тереза и Триумфалната порта, и со тоа конечно завршување на проектот „Скопје 2014““, се наведува во соопштението на ААМ.

Од Асоцијацијата на архитекти сметаат дека за ваков предлог – план нема потреба од јавна презентација и јавна анкета пред спорните објекти да бидат исфрлени од планот. Јавна презентација на ваквиот планот беше веќе еднаш направена кога се презентираше проектот „Скопје 2014“ во 2010 година.

Покрај од ААМ, барање за повлекување од јавна анкета и расправа на предложениот ДУП Мал Ринг пред неколку дена побара и Јана Белчева, советничка во општина Центар и поранешна претседателка на Советот на општина Центар. И од граѓанската иницијатива „О2“ посочуваат дека се повторува праксата клучните детални урбанистички планови да се протнуваат во летниот период, а во овој случај и во услови на пандемија.

Градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ, засега ги отфрла барањата за одложување на јавната анкета и расправа, посочувајќи дека јавната анкета ќе трае 30 дена и ваквиот предложен ДУП не значи и конечно решение за тоа како ќе изледа Мал Ринг. Предлог – деталниот урбанистички план за строгиот центар на Скопје е изработен од ИН – ПУМА, кои беа официјално автори и на сите измени и дополнувања на овој ДУП во времето на реализација на проектот „Скопје 2014“.

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои цркви биле...

Заедницата за нови авантури во Baldurs Gate 3 има потенцијал како Скајрим

Заедницата за правење нови авантури во Baldur's Gate 3 од играчи покажува ист и поголем потенцијал од тоа што се правеше со „Скајрим“. Овој фактор каде играчите модираат содржини и прават...

Промовиран традиционалниот календар на Скопскиот џез-фестивал

Со концертен настап на „Филип Динев трио“ на џез-матине во саботата беше промовиран новиот календар на Скопскиот џез фестивал, кој традиционално се објавува во јануари и во изданието за 2025 содржи...

Филмски факт: „Трето полувреме“ – приказна за фудбалот како игра на судбината

Илеш Шпиц, според чиј живот и кариера е креиран ликот на Рудолф Шпиц во филмот „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, е добро познато име во македонскиот и ексјугословенскиот фудбал. Започнал како...

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои...