понеделник, 18 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: О2 Иницијатива | 41 резултати

Воздухот зимава ќе биде отровен, надлежните да преземат мерки, а не да апелираат, бараат екологистите

ноември 5, 2022

На најсиромашните да им се обезбедат доволни количини евтино и сертифицирано дрво, да се исчистат оџаците, да се намали цената на струјата, да се затворат градилиштата…Граѓанските организации од земјава предлагаат конкретни мерки за институциите кои треба да помогнат во подобрување на квалитетот на воздухот во земјава. Почетокот на грејната сезона традиционално е периодот кога сите […]

Не е прифатен ниту еден амандман на Законот за инспекциски надзор во животната средина

април 15, 2022

Ниту еден од предложените 23 амандмани на Предлог-Законот за инспекциски надзор во животната средина, предложени од Граѓанскиот инспекциски совет и на Алијансата „Разбистри сè“, не е прифатен. Меѓу другите, дел од законот нема да станат и барањата инспекторите да имаат опрема и да вршат индикативни мерења на загадувачките супстанции, пасивно да дежураат за викенд и […]

Загадувањето на воздухот повторно алармантно, нема реакција од институциите

јануари 6, 2022

Во првите денови од 2022 година, аерозагадувањето во земјава достигнува загрижувачки нивоа, но изостанува реакција на институциите. Веќе втор ден по ред, мерната станица во скопско Лисиче и Струмица е регистрирано присуство на ПМ-10 честички во воздухот над прагот за алармирање, но нема реакција од институциите. Според измерените податоци од мерните станици со кои управува […]

Наместо печки на дрва, сончевите колектори се спас од аерозагадувањето и за поевтина струја

декември 27, 2021

Меѓународната енергетска криза, која што влијаеше на енормно зголемување на цените на електричната и топлинската енергија, го вклучи „црвениот аларм“ кај граѓаните во земјава. Прашањата за висината на сметките за струја од 1 јануари 2022 година, пропратени со шпекулациите дека ќе има рестрикции на електрична енергија, ги стимулираа граѓаните есенва да се пренасочат кон набавка […]

Еколозите со порака: Отпадот навистина да биде суровина и да се рециклира со новите закони

октомври 6, 2021

Отпадот навистина да стане суровина и да се рециклира, а не да се дозволи да биде уште поголема опасност за животната средина, апелираат граѓанските организации во однос на новините кои ги овозможува новиот пакет закони за управување со отпад. Можноста за селекција на отпадниот текстил, гуми, масла и автомобилски школки, не смее да се претвори […]

Светот ги исфрли пластичните кеси, ние дискутираме дали треба да поскапат

септември 24, 2021

Додека светот сосема ги исфрла од употреба пластиката за еднократна употреба и кесите, во земјава сè уште се дискутира за нивното поскапување во маркетите и дали тоа е решение или не за намалување на отпадот. Екологистите деновиве го критикуваа пакетот од шест закони за отпад што се донесе во последните два месеци и велат дека […]

Ана Петровска разрешена од Државниот инспекторат за животна средина, бурни реакции од граѓанските организации

август 4, 2021

Директорката на Државниот инспекторат за животна средина Ана Петровска денеска е разрешена од функцијата. На денешната седница на Владата на нејзиното место е именуван Сретен Стојковски, кој доаѓа од Министерството за животна средина. Петровска, како кадар на партијата ДОМ, на позицијата во Инспекторатот дојде во октомври лани, од Министерството за животна средина, каде што од […]

Државната лабораторија за животна средина ќе се сертифицира за мерење на аерозагадувањето

јули 27, 2021

Државната лабораторија за животна средина ќе се сертифицира за мерење на загадување на воздухот од стационирани извори. Оваа институција има сертификат за системот за квалитет според стандардот ISO 17025 за акредитирана лабораторија и минатата година го заврши процесот на акредитација за шест методи за квалитет на вода и една методa за бучава. Минатиот месец, пак, […]

Малку пратеници работат на закони од животната средина, наместо еколошки, често туркаат партиски ставови

јули 27, 2021

Екологијата и законите од животната средина слабо ги поттикнуваат пратениците во македонското Собрание, да ги надминат партиските ставови и да работат во интерес на граѓаните кои ги изгласале. Иако со еколошките закони треба да се регулираат различни аспекти од животната средина и да се решат многу горливи проблеми со кои секојдневно се соочуваме, само мала […]

Екологистите бараат Владата да каже кој е стратешкиот партнер за фабриката за отпад во Неготино

јули 21, 2021

Граѓанскиот инспекциски совет и еколошките активисти од О2 Иницијатива бараат Владата да ги каже сите детали за најавената стратешка инвестиција во фабрика за отпад во Неготино. Екологистите се незадоволни што информациите протекуваат парцијално и од различни извори, а многу често се и спротиставени меѓу себе. Од Испекцискиот совет велат дека проблемите со депониите во Македонија […]

02 Иницијатива ќе предложи амандмани на законите за управување со отпад, бараат регулативата да биде применлива на терен

јули 16, 2021

За нас клучно треба да биде носењето на закони кои ќе овозможат подобра состојба на терен, а не дали законите се од збор до збор препишани од ЕУ регулативата без осврт на нашата реалност, велат за „Мета.мк“ од граѓанската 02 Иницијатива во однос на пакетот закони кои се однесуваат на управувањето со отпад, кои се […]

Цементарница „Усје“ викендов поради технички проблем испуштила прашина со варовник и лапорец

јули 12, 2021

Прашина што содржи варовник и лапорец која се јавила како последица на дефект е причината за емисиите од цементарницата „Усје“ минатата недела. Државниот инспекторат за животна средина викендов по пријава на граѓани направил итна и вонредна контрола во индустрискиот капацитет и констатирал дека заради технички проблеми, емисиите настанале во постројката за производство на клинкер. Од […]

„О2 Иницијатива“: Чадот во Скопје не е само сахарска прашина, има и локални загадувачи

јуни 24, 2021

Граѓаните на Скопје и еколошките организации бараат објаснување за загадениот воздух во Скопје, кој сметаат дека не само последица на песочниот ветер што донесе прашина од Сахара во целиот регион, туку дека е предизвикан и од секојдневното палење отпад и пластика во Вардариште. Екологистите од „О2 Иницијатива“ информираа дека испратиле претставки до Општините Карпош, Аеродром, […]

Аерозагадување во лето: Пустински ветер донесе прашина во Лазарополе, во Скопје црн чад над Ново Лисиче

јуни 23, 2021

Топла воздушна маса која носи прашина може да е причината за зголемените вредности на ПМ-10 честичките регистрирани во изминатите два дена, велат од Министерството за животна средина и просторно планирање. Пустинскиот ветер, според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи, може да потрае и во наредните денови. Сепак, информираат од Министерството, деновиве активен ќе биде и […]

Граѓанските организации побараа од Пендаровски да не го потпишува законот за дивоградби

мај 13, 2021

Граѓанските организации „О2 Иницијатива“, „Еко-свест“ и Светскиот фонд за природа апелираа до претседателот Стево Пендаровски да не го потпишува указот за прогласување на спорниот Закон за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти и да го врати во Собранието. Екологистите, во своето барање, поддржано од уште 22 граѓански организации, бараат законот да се донесе […]

Безбедноста на Скопје не смее да биде заложник на заштитата на природата на Водно

март 5, 2021

Еколошките активисти од организациите „Го сакам Водно“ и „О2 Иницијатива“, денеска уште еднаш го повторија барањето Водно да се заштити со специјален закон, а не со актуелната Нацрт-Одлука за прогласување на дел од планината за заштитено подрачје во категорија V – Заштитен предел, согласно Законот за заштита на природата, која ја предлага Министерството за животна […]

Мерки и препораки немаше, ветерот и врнежите ги расчистија високите концентрации на ПМ 10

јануари 25, 2021

Ветерот и врнежите ги расчистија високите концентрации на ПМ 10, кои минатата недела беа регистрирани во неколку градови во земјава. Загадувањето во Скопје, Кавадарци, Куманово и Битола неколку денови по ред беше со екстремно високи концентрации на ПМ 10 кои ги надминуваа праговите на информирање и алармирање. И покрај тоа, заради поволната временска прогноза, Министерството […]

По скратена постапка, во Собрание помина законот за намалени давачки за регистрација на странски возила

декември 21, 2020

Собранието на РСМ вчеравечер по скратена постапка го усвои Законот за регистрација на возила со странски регистарски таблички. Со овој закон, сите возила кои влегле во земјава до 1 октомври 2020 година со странски регистарски таблички, ќе може во рок од една година да се регистрираат со намалени давачки од 50 отсто од утврдената вредност […]

Нема пари во Буџетот за 2021 година за нови осум инспектори за животна средина, прифатени два амандмани на О2 Иницијатива

декември 11, 2020

Само два амандмани поднесени по препорака од О2 Иницијатива се прифатени во расправата за Буџетот за 2021 година во Комисијата за финансирање и буџет. Тоа се амандманите за акредитирање на државна лабораторија, но само за испитување на ПМ 10 честички, како и амандманот за ажурирање на Катастарот на загадувачи и загадувачки супстанци во воздухот. Предлогот […]

Собранието го одби амандманот на О2 Иницијатива за поставување филтри на оџаците на јавните институции

декември 3, 2020

Екологистите се незадоволни од распределбата на средства во Буџетот за 2021 година кои се наменети за животна средина и борба со аерозагадувањето. Еден од најголемите еколошки предизвици во земјава, високите концентрации на ПМ 10 и ПМ 2,5 е нашата реалност и годинава. Планот за чист воздух донесен пред две години не даде доволно резулатати, а […]

Страна 1 од 2