За Мицкоски, процесуирањето на крадењето пари од „Скопје 2014“ е негирање на македонскиот идентитет

Мицкоски вели дека случајот на обвинителството бил театар, фрлање сенка на идентитетските обележја, како и дефокус на јавноста од криминалот на власта

-

Кривичното гонење на перењето пари за спомениците од „Скопје 2014“ за претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е продолжение на негирањето на македонскиот идентитет и фрлање сенка на идентитетските обележја. Денешната реакција на Мицкоски следи неколку дена откако обвинителството го отвори случајот „Феникс“, во кој обвини 15 физички и седум правни лица за злоупотреба на службената положба и за перење пари.

При денешната посета на општина Кисела Вода претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на случајот „Феникс“, тој рече дека случајот е театар, фрлање сенка на идентитетските обележја, и дефокус на јавноста од криминалот на власта.

„Ако имало дело тоа ќе било решено пред седум, осум, девет години. Второ, продолжува на тој начин да се негира македонскиот идентитет, затоа што на тој начин се фрла сенка на идентитетските обележја, односно тие споменици коишто имаат за цел да покажат еден историски континуитет за битката на македонскиот народ за своја држава и битката за својот сопствен идентитет“, изјави Христијан Мицкоски.

Според него, случајот „Феникс“ има за цел да ја дефокусира јавноста од оние кои денеска купуваат со 10-тици милиони евра имот во центарот на Скопје. Мицкоски ги повика медиумите да оделе во Слупчане, Зајас, Колари и до други населени места за да прашаат како се финансирани и изградени спомениците и обележјата што биле лоцирани таму.

Според обвинителството, од втората половина на 2007 година до крајот на 2013 година во Скопје, првоосомничениот Никола Груевски, како премиер, заедно со вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, министерката за култура Канческа Милевска, тогашниот претседател на Советот Здравев, градоначалникот на Центар, Тодоровиќ и други лица, се поврзале со цел да остварат политичка и финансиска корист.

Станува збор за градењето на спомениците Воин на коњ, двата пара лавови, Гоце Делчев, Даме Груев, Никола Карев, Методија Андонов Ченто, Цар Самоил, Јустинијан Први, АСНОМ и Основачите на ВМРО, сите лоцирани во центарот на Скопје.

Заобиколувајќи го Собранието на РСМ, кое било единствено надлежно за подигнување на споменици од национално значење, преку Министерството за култура и третоосомничената се подготвувале и поднесувале иницијативи за изградба на споменици под изговор дека се работи за спомен обележја од локално значење за жителите на Општина Центар, како би можело да поминат како одлуки во Советот на општина Центар.

На овој начин, заобиколувајќи го Собранието, осомничените обезбедиле финансиски средства од државниот буџет со кои го финансирале извршувањето на кривичните дела и незаконски ги префрлиле на сметката на општина Центар во вкупен износ од 57.681.138 евра, соопшти обвинителството.

Потоа, при изготвувањето на спомениците во леарниците на тендер се прифатила понуда од оператор кој првенствено не ги исполнувал условите ниту пак доставил комплетни понуди, а се отфрлени сите останати понуди на тендерите. Подоцна, изработката на спомениците со поддоговори, се пренесувала на сосема други леарници, но за далеку пониски цени. Па така, на пример, ако тендерот за леење на Воинот на коњ во земјава изнесувал 4,7 милиони евра, во Италија бил излеан за 2,3 милиони евра.

15 луѓе, преку пет држави, за 11 споменици – истрага за тоа како се переле пари од „Скопје 2014“

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ украло пари колку за изградба на 33 градинки

Од владејачката партија СДСМ велат дека Скопје 2014 била ултра пералница на пари, а дека единствено историско во проектот е обемот на сторен криминал, кој најдобро се гледал ако се спореди вредноста на злоупотребените пари.

„На пример, една нова, современа и целосно опремена детска градинка за 200 дечиња чини околу 1,5 – 1,7 милиони евра. Тоа значи дека за 57 милиони евра можело да се изградат 33 нови детски градинки ширум државата“, изјави денеска пратеничката од СДСМ, Лидија Тасевска.

Владата ќе ги оценува медиумите и новинарите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Владата преку тендер бара фирма која ќе треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание, со претходен мониторинг на сите медиуми, вклучувајќи и онлајн и печатени медиуми, како и социјалните...

Новото аниме од серијалот Вичер насловено „The Witcher Sirens of the Deep“

Нетлфикс неодамна го издадоа новиот аниме серијал од универзумот на „The Witcher“ со наслов „The Witcher Sirens of the Deep“, коешто не се сложува целосно со приказните од книгите. Имено, анимето е...

Трошоците на градоначалниците од Полошкиот регион: Над 47 илјади евра за патни трошоци и службени патувања за само три години

Градоначалниците на општините од Полошкиот регион од 2022 до 2024 година за патни трошоци (гориво, патарини) и службени патувања потрошиле вкупно 2.946.717 денари или над 47 илјади евра. Порталб.мк преку Законот...

МВР го приведе, па го пушти на слобода насилникот кој крвнички тепаше жена

Откако стана вирално видеото на кое се гледа и слуша како маж на лајв стрим на ТикТок тепа жена, Министерството за внатрешни работи го приведе насилникот, за кој е потврдено дека...

Владата ќе ги оценува медиумите и новинарите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Владата преку тендер бара фирма која ќе треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание, со претходен мониторинг на сите медиуми, вклучувајќи и онлајн и печатени медиуми, како...