fbpx

Синдикатите предлагаат инфлацијата да биде основниот параметар за усогласување на платите

Синдикалците предлагаат инфлацијата која минатата година изнесуваше 14,5 отсто да биде основниот параметар со кој ќе се зголемат платите во јавниот сектор и скоро сите да добијат процентуално зголемување на платите

-

На економско-социјалниот совет денеска не е постигнат договор со Владата околу методологијата за усогласување на платите, информираа претставници на синдикалните организации. Советот на денешната седница ги продолжи разговорите за зголемување на платите во јавниот сектор, откако минатата недела беше договорено Владата да направи нови симулации за пресметка на платите согласно предлозите на синдикатите.

Синдикалците предлагаат инфлацијата која минатата година изнесуваше 14,5 отсто да биде основниот параметар со кој ќе се зголемат платите во јавниот сектор и скоро сите да добијат процентуално зголемување на платите.

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) смета дека ако од септември се случи да почне примената на општиот колективен договор за јавниот сектор, функционерските плати ќе треба да се вратат пред одлуката на Уставниот суд и зголемувањето на платите и за нив да биде како за сите работници.

„Тоа што ние предложивме е инфлацијата која минатата година беше 14,5 проценти да биде основниот параметар со кој ќе се зголемат платите во јавниот сектор, од најниската категорија на работно место до највисоката, претседател на државата, и сите да добиеме процентуално зголемување на платите“, рече во изјава за медиумите претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов.

Сојузот на синдикатите смета дека со предлогот што го претставиле денеска ќе се надминат сите состојби и проблеми од изминатиот период, кои биле наталожени.

„Прифатлив е моделот од две и пол години за да добиеме методологија како во делот на минималната плата, со тоа што ќе имаме просечна плата по коефициент на сложеност по истекот на две и пол години“, рече Трендафилов.

Тој најави дека во среда продолжуваат состаноците во Министерството за финансии, каде што ќе присуствуваат претседателите на сите синдикати во земјава и ќе разговараат за можното решение.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...