fbpx

„Порта Македонија“ повеќе не е дел од културното наследство, власта треба да ја одреди нејзината иднина

-

Министерството за култура ја тргнало заштитата на „Порта Македонија“ од Регистарот на недвижно културно наследство на земјава, објавува „Независен.мк“. Со тргнувањето на заштитата на Триумфалната порта, се отвора можноста за рушење на ова здание од „Скопје 2014“, кое узурпира јавен простор и е поставено на среде раскрсница меѓу улиците „11 Октомври“ и „Димитрие Чуповски“ во центарот на Скопје.

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ во изјава за „Независен.мк“ вели дека со тргањето на заштитата на „Порта Македонија“ се отвора можност за нејзино отстранување од јавниот простор, но и додава дека крајниот збор за тоа дали ќе се руши овој објект го има Министерството за култура како нејзин инвеститор.

Од Секторот за урбанизам при Општина Центар, објаснуваат дека од Министерството за култура им бил испратен допис да се стопира Деталниот урбанистички план „Мал ринг 1“ сè додека не се донесе анекс на конзерваторските основи.

„Со тргањето на заштитата значи дека објектот нема никакво уметничко значење. Со тоа се создава можност за уривање, но планот не го дефинира тоа, туку со него нема да се дадат услови за развој на објектот, тој само ќе биде евидентиран како постојна состојба и нема да има никаква градежна парцела. Доколку се реши тој да се урне, во наредниот план нема воопшто да постои“, објаснуваат од Секторот за урбанизам во Општина Центар.

„Порта Македонија“ е впишана во Регистарот на недвижно културно наследство во август 2013 година, и тоа само една и пол година откако беше свечено пуштена во употреба од Никола Груевски во јануари 2012 година. Образложението за нејзината заштита е дека во неа било сместено движно културно наследство, а поради оваа причина заштитени беа и Музејот на ВМРО и Спомен куќата на Мајка Тереза.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...