ФОТО-ВЕСТ: Во Скопје споменици оставени да ги врне пред музеј, во Загреб се заштитени

Фотографии од пред Музејот на град Скопје и Археолошкиот музеј во Загреб покажуваат различен пристап кон заштитата на вредното археолошко минато на двете земји

-

Споменици од вредното историско минато на земјава се оставени пред Музејот на град Скопје без соодветна заштита од атмосферски влијанија. Наместо спомениците да бидат покриени со стреи, веќе неколку години наназад тие се оставени без заштита од врнежите од дожд и снег. На дел од спомениците видливо е дека има мов како резултат на влагата. Ваквата состојба со историските споменици се случува токму пред влезот на музејската установа, во самиот центар на Скопје.

Мета.мк по електронска пошта на 7 и на 13 март во два наврати испрати прашања на оваа тема до Музејот на град Скопје. Наместо писмени одговори или преку директна средба, одговорите од музејската установа ги добивме преку телефон на 17 март.

Од музејската установа велат дека со постојниот елаборат, кој бил усвоен од Конзерваторскиот центар, предвидена е заштита на целата зграда на старата железничка станица, сосе спомениците поставени пред влезот на музејот. Сепак, со овој елаборат не било предвидено покривање на овие споменици, а за да се направи вакво нешто, неопходно е да се поднесе нов елаборат за заштита на објектот со спомениците, кој ќе треба да се донесе од Конзерваторскиот центар-Скопје и да се добие позитивно мислење од Управата за заштита на културното наследство.

Од Музејот на град Скопје за Мета.мк велат дека размислуваат да поднесат нов елаборат, со кој би се овозможило покривање на археолошките споменици и нивна заштита од атмосферски влијанија. Тие чекаат да заврши изградбата на комплексот на Лимак, кој се наоѓа веднаш позади објектот. Од музејската установа додаваат дека археолошките споменици нема да се преместуваат во внатрешни простории, туку ќе се покријат. Сепак, информација за конкретен рок за тоа кога би се покриле спомениците не добивме.

За разлика од Скопје, во дворот на Археолошкиот музеј во Загреб вредните историски споменици од римскиот период се заштитени од надворешни атмосферски влијанија со стреи. Мета.мк направи обиколка на музејското здание во хрватскиот главен град, при што увидовме дека буквално секој споменик е заштитен од врнежи од дожд и снег, а со тоа и состојбата во која се наоѓаат вредните историски дела е многу подобра од оние лоцирани пред скопскиот музеј.

Во трагедијата животите ги загубија четворица музичари од групата ДНК

Андреј Ѓоргиески, познатиот вокал од дуото ДНК, препознатлив во јавноста и по својата хуманитарна работа, денеска им подлегнал на повредите со кои се здобил синоќа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во...

Владата прогласи седумдневна жалост

Владата денеска одржа вонредна седница по трагичниот настан во  Кочани во кој животот го загубија 59 млади лица и донесе одлука за прогласување на седумдневна жалост на територијата на целата држава. Седница...

Тошковски: Сопственикот на дискотеката „Пулс“ со мито добил лиценца за работа

Легална за лиценца за работа дискотеката „Пулс“ нема. Говорам за лиценци кои се во најмала рака фалсификувани лиценци, нелегални, издадени во 2024 година. Има сомнение дека се добивани на коруптивен начин....

Осомничени повеќе од 20 лица, меѓу нив и организаторите на настанот во кој загинаа 59 деца

Повеќе од 20 лица се осомничени, а 15 се наоѓаат во полициска станица во врска со трагичниот настан синоќа во дискотека во Кочани во кој загинаа 59 лица. Министерот Панче Тошковски...

Во трагедијата животите ги загубија четворица музичари од групата ДНК

Андреј Ѓоргиески, познатиот вокал од дуото ДНК, препознатлив во јавноста и по својата хуманитарна работа, денеска им подлегнал на повредите со кои се здобил синоќа во пожарот во дискотеката...