fbpx

Донаторите на споменикот на Ќосето ќе останат без просториите во Скопје

-

Владата на денешната 34. седница, меѓу другото, ќе одлучува и за одземање на просториите во Скопје на Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин, кое се јавува како донатор на неколку споменици од проектот „Скопје 2014“.

„На дневниот ред на Владата ќе се најде и предлог-одлуката за престанок на трајно користење на недвижност на Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин во Македонија – Скопје“, стои во соопштението од владината прес-служба за денешната седница.

Според податоците, објавени во „Службен весник“, ова Здружение од претходната влада на трајно користење доби деловни простории, со вкупна површина од 49 квадратни метри, на улицата Вељко Влаховиќ во центарот на Скопје. Покрај просториите, Здружението на трајно користење од претходната влада доби и половно возило „ауди а4“, со проценета вредност од 300.000 денари, односно околу 5.000 евра.

Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин ги донираше споменикот на генерал Михајло Апостолски, кој е поставен кај клучката „Континентал“, потоа контроверзниот споменик на Андон Лазов Јанев – Ќосето, кај Судска палата, споменикот на Ѓорѓи Сугарев кај комплекост факултети. Донација на Здружението се и спомениците на Никола Петров Русински и на Пере Тошев поставени во близина на Универзитетската библиотека, споменикот на Света Лидија, кој е поставен кај плоштадот Богородица и споменикот Децата бегалци од Егејска Македонија, кај хотелот „Холидеј ин“.

На денешната седница Владата ќе решава и по предлог-одлуката за престанок и за давање на трајно користење на недвижност на Републичко здружение на децата бегалци и нивните потомци од Егејскиот дел на Македонија „Т’га за југ“ од Скопје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Контраспин: Силјановска не ги седна пензионерите во ложата на „Мапет шоу“

Контекстот во кој претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ ја кажа репликата за „Мапет Шоу“, беше сосема поинаков од оној што го претстави СДСМ. Самата реплика воопшто не се однесуваше на...