fbpx

Истрага за „Скопје 2014“: Владимир Тодоровиќ во куќен притвор, Здравев во притвор, еден е во бегство

Куќен притвор за поранешниот градоначалник на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ, вечерва одредил судијата на претходна постапка за случајот „Феникс“, а во врска со леењето на 11 споменици од проектот „Скопје 2014“ во Италија, за кои обвинителството отвори истрага

-

Куќен притвор за поранешниот градоначалник на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ, вечерва одредил судијата на претходна постапка за случајот „Феникс“, а во врска со леењето на 11 споменици од проектот „Скопје 2014“ во Италија, за кои обвинителството отвори истрага поради сомнежи за перење пари и злоупотреба на службената положба.

Обвинителството побара притвор за седум лица. Од нив, судијата на претходна постапка одредил ефективен, 30-дневен притвор за четворица, меѓу кои и за поранешниот претседател на Советот на Општина Центар, Владимир Здравев.

Куќен притвор е одреден за двајца, од кои едниот е Тодоровиќ, а едно лице, З.П., е во бегство, иако и за него е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

„Судија на претходна постапка, по произнесување на осомничените кои беа спроведени пред судот, во присуство на нивните бранители, во однос на предлогот на ЈО за определување мерка прирвор, донесе решенија со кои на В.Т. и Т.Д. им определи мерка куќен притвор, додека на Љ.Б., В.З., А.З. и З.П. им определи мерка притвор, за сите во траење од 30 дена. Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет“, се вели во соопштението на Основниот Кривичен суд.

За случајот „Феникс“ осомничени се експремиерот Никола Груевски, второосомничен е Зоран Ставрески, поранешен министер за финансии, третоосомничена е Елизабета Канческа Милевска, ексминистерка за култура, четвртоосомничен е поранешниот претседател на Советот за Општина Центар Владимир Здравев, петтоосомничен е ексградоначалникот на Општина Центар Владимир Тодоровиќ, а шестоосомничена е неговата претходничка Виолета Аларова. Еден од осомничените, осмиот по ред, е италијански државјанин, Фердинандо Маринели, сопственик на италијанската леарница во Фиренца, „Фондериа Маринели“.

Освен против 15 физички лица, истрага е отворена и против седум правни лица, од кои три се италијански фирми.

Осомничените се теретат за кривичните дела злоупотреба на службената положба и за перење пари, за леење на 11 споменици од проектот „Скопје 2014“ во Италија. Според обвинителството, од буџетот се плаќале високи суми пари за леење на спомениците од проектот „Скопје 2014“, а во Фиренца се лееле за многу пониска сума. Остатокот од парите, на различни начини повторно влегувале во земјава, но овојпат не во буџетот, туку на туѓи сметки. Според обвинителството, осомничените обезбедиле финансиски средства од државниот буџет со кои го финансирале извршувањето на кривичните дела и незаконски префрлиле на сметката на општина Центар, вкупен износ од 57.681.138 евра. Од овие пари, осмоосомничениот, Италијанецот Маринели, како управител и сопственик на две фирми прибавил противправна имотна корист од над 16 милиони евра.

За да се отвори истрагата „Феникс“, прибавена била правна помош од пет странски држави, а во текот на вчерашниот ден до судија на претходна постапка побарани се претреси, одземање на имот заради обезбедување и идна конфискација, замрзнување на банкарски сметки и удели и предлози за определување мерки притвор.

15 луѓе, преку пет држави, за 11 споменици – истрага за тоа како се переле пари од „Скопје 2014“

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...