fbpx

Притвор за Здравев и за уште едно лице за случајот „Феникс“, се чека одлуката за останатите

Најавите се дека попладнево ќе бидат донесени уште три лица за кои обвинителството бара притвор за случајот со перење пари за леење на 11 споменици од проектот „Скопје 2014“

-

Судија на претходна постапка му одредил 30-дневен притвор на поранешниот претседавач на Советот на Општина Центар, Владимир Здравев за злоупотреба на службената положба за случајот „Феникс“ – истрага која денеска ја обелодени Јавното обвинителство.

Освен на Здравев, притвор за истиот случај му е определен и на Љ.Б., додека на лицето Т.Д. му е одреден домашен притвор, потврдија за Мета.мк од Основниот Кривичен суд во Скопје.

Најавите се дека попладнево ќе бидат донесени уште три лица за кои обвинителството бара притвор за случајот со перење пари за леење на 11 споменици од проектот „Скопје 2014“. Меѓу нив е и поранешниот градоначалник на Скопје, Владимир Тодоровиќ, кој сè уште не е донесен во судот.

Инаку, обвинителството за овој случај сомничи 15 лица, а за седум од нив се бара притвор. Вчера попладнето, во голема полициска акција биле уапсени петмина, меѓу кои и Здравев и Тодоровиќ.

За случајот „Феникс“ осомничени се експремиерот Никола Груевски, второосомничен е Зоран Ставрески, поранешен министер за финансии, третоосомничена е Елизабета Канческа Милевска, ексминистерка за култура, четвртоосомничен е поранешниот претседател на Советот за Општина Центар Владимир Здравев, петтоосомничен е ексградоначалникот на Општина Центар Владимир Тодоровиќ, а шестоосомничена е неговата претходничка Виолета Аларова. Еден од осомничените, осмиот по ред, е италијански државјанин, Фердинандо Маринели, сопственик на италијанската леарница во Фиренца, Фондериа Маринели.

Освен против 15 физички лица, истрага е отворена и против седум правни лица, од кои три се италијански фирми. Осомничените се теретат за кривичните дела злоупотреба на службената положба и за перење пари, за леење на 11 споменици од проектот „Скопје 2014“ во Италија. Од буџетот на граѓаните се плаќале високи суми пари, а во Фиренца се лееле за многу пониска сума. Остатокот од парите, но овојпат испрани, на различни начини повторно влегувале во земјава, но овојпат не во буџетот, туку на туѓи сметки.

За да се отвори истрагата „Феникс“, прибавена била правна помош од пет странски држави, а во текот на вчерашниот ден до судија на претходна постапка побарани се претреси, одземање на имот заради обезбедување и идна конфискација, замрзнување на банкарски сметки и удели и предлози за определување мерки притвор.

15 луѓе, преку пет држави, за 11 споменици – истрага за тоа како се переле пари од „Скопје 2014“

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...