Не бев во бегство, тврди Палевски, откако му беше одреден притвор од 30 дена

Иако во јавноста се шпекулираше дека Палевски барал тим од стручни адвокати кои ќе ја подготвуваат неговата одбрана за двојното убиство, сепак, според денешните информации, нему му бил доделен адвокат по службена должност, со што се отвора прашањето дали адвокатите кои тој планирал да ги ангажира, одбиле да го застапуваат

-

„Не сум бил во бество и не смеам да зборувам поради истрагата“, изјави пред новинарите првоосомничениот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо кога со силно полициско обезбедување попладнево беше изнесен од Кривичниот суд. Судија на претходна постапка го потврди притворот од 30 дена, кој започнува од денот кога тој беше спроведен во истражниот затвор во Шутка, на 15 мај.

Претходно, на прашањето на новинарите „дали ги извршил убиствата, тој кратко одговори „не“. Рече и дека нема да се брани со молчење, а на прашањето дали има докази дека не е сторител на убиствата, тој само се насмеа.

Од Основниот кривичен суд велат дека на Палевски му е одреден 30-дневен притвор поради можност да се даде во бегство, да го повтори делото или да влијае на сведоци.

„По признесување на осомничениот во присуство на неговиот бранител, поставен по службена должност, судија на претходна постапка донесе решение со кое на осомничениот му се определува мерка притвор во траење од 30 дена која започнува со нејзино реализирање од денот на неговиот прием во Истражниот затвор Скопје, а заради постоење на околностите од чл. 165 ст. 1 точка 1,2 и 3 односно постојат околности дека може да се даде во бегство, може да ја попречи кривичната постапка со влијание врз сведоците, и околности кои упатуваат дека ќе го доврши или повтори кривичното дело“, велат од Основниот кривичен суд.

Против ова решение тој има право на жалба пред Кривичниот совет на овој суд.

Иако во јавноста се шпекулираше дека Палевски барал тим од стручни адвокати кои ќе ја подготвуваат неговата одбрана за двојното убиство, сепак, според денешните информации, нему му бил доделен адвокат по службена должност, со што се отвора прашањето дали адвокатите кои тој планирал да ги ангажира, одбиле да го застапуваат.

Палевски од декември беше во затвор во Турција, а во Македонија беше донесен со комерцијален лет на Туркиш Ерлјанс минатата среда, директно во истражниот затвор „Скопје“, каде што е сместен сам во ќелија, под посебни безбедносни протоколи.

За двојното убиство, на 14-годишната Вања и на 74-годишниот Жежовски, во истражниот затвор во Шутка се и Влатко Кешишов, Велибор Маневски и Боре Видевски кои се осомничени за грабнување според член 141 од Кривичниот законик, и за две убиства на свиреп начин (едно на малолетно лице и едно од користољубие).

Таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, се сомничи дека им помогнал при извршување на кривичното дело – грабнување на малолетно лице. Тој сега е во домашен притвор, откако Врховниот суд ја уважи неговата жалба. Адвокатот на Ѓорчевски, Владимир Туфегџиќ децидно тврди дека тој нема никаква поврзаност со грабнувањето и убиството на неговата ќерка и дека воопшто не ги познава осомничените.

На Стефан Димковски, пријателот кој го превезуваше Палевски низ Бугарија до Турција, во март годинава му беше укинат притворот и за него се изречени мерки на претпазливост – забрана за напуштање живеалиште, одземање патна исправа, обврска за јавување во суд и одземање, односно забрана за користење возачка дозвола.

Истрагата за овие четворица осомничени е во завршна фаза.

Владата ќе ги оценува медиумите и новинарите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Владата преку тендер бара фирма која ќе треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание, со претходен мониторинг на сите медиуми, вклучувајќи и онлајн и печатени медиуми, како и социјалните...

Новото аниме од серијалот Вичер насловено „The Witcher Sirens of the Deep“

Нетлфикс неодамна го издадоа новиот аниме серијал од универзумот на „The Witcher“ со наслов „The Witcher Sirens of the Deep“, коешто не се сложува целосно со приказните од книгите. Имено, анимето е...

Трошоците на градоначалниците од Полошкиот регион: Над 47 илјади евра за патни трошоци и службени патувања за само три години

Градоначалниците на општините од Полошкиот регион од 2022 до 2024 година за патни трошоци (гориво, патарини) и службени патувања потрошиле вкупно 2.946.717 денари или над 47 илјади евра. Порталб.мк преку Законот...

МВР го приведе, па го пушти на слобода насилникот кој крвнички тепаше жена

Откако стана вирално видеото на кое се гледа и слуша како маж на лајв стрим на ТикТок тепа жена, Министерството за внатрешни работи го приведе насилникот, за кој е потврдено дека...

Владата ќе ги оценува медиумите и новинарите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Владата преку тендер бара фирма која ќе треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание, со претходен мониторинг на сите медиуми, вклучувајќи и онлајн и печатени медиуми, како...