среда, 14 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: двојно убиство | 46 резултати

Почна судењето за двојното убиство на Вања и Панче, обвинетите негираа вина

20 септември 2024

По две одложени судења, денеска започна рочиштето за двојното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес. На обвинителната клупа за првпат заедно седнаа Љупчо Палевски – Палчо, Велибор Манев, Влатко Кешишов, Боре Видески и таткото на Вања, Александар Ѓорчески. Обвинението против Палчо е споено со она против Кешишов, Манев […]

Љупчо Палевски на 4 септември ќе седне во обвинителна клупа за двојното убиство

30 јули 2024

Главната расправа за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и на велешанецот Панче Жежовски ќе се одржи на 4 сепрември, информираше Основниот кривичен суд. Инаку, претходно, расправата беше закажана за денеска, но беше отповикана по предлог за одлагање од Основното јавно обвинителство кои го известија судот дека истрагата против Љупчо Палевски Палчо е завршена и […]

Заврши истрагата за Палчо, обвинителството ќе предложи спојување на постапките за сите обвинети за двојното убиство

25 јули 2024

Заврши истрагата за Љупчо Палевски – Палчо, првоосомничен за двојното грабнување и свирепо убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски. Како што соопштија од Јавното обвинителство, со ова тече законскиот рок на одбраната да изврши увид во доказите. По истекот на овој рок и поднесување обвинение против Палчо, од обвинителството најавуваат дека […]

Прифатено обвинението за убиствата на Вања и на Жежовски, се очекува старт на судењето

8 јули 2024

Советот за оценка на обвинителен акт го одобри обвинението против Влатко Кешишов, Велибор Маневски и Боре Видевски, кои се обвинети за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски лани во ноември. Во обвинителниот акт обвинет е и Александар Ѓорчевски, таткото на Вања, за кривичното дело „грабнување“. „По разгледување и ценење на актот како […]

Платформата за родова еднаквост бара да престане праксата на погрешно третирање на семејното насилство

18 јуни 2024

Платформата за родова еднаквост реагира на одлуката на Основното јавно обвинителство Куманово да започне постапка против 36-годишната В.И. од Кратово, која е жртва на семејно насилство. Оттаму сметаат дека во конкретниов случај станува збор за акт на самоодбрана, односно, за институтот нужна одбрана, а не за сторено кривично дело „убиство со умисла“, како што тврди […]

Обвинителството почнува истрага за двојното убиство во Кратово

15 јуни 2024

Основното јавно обвинителство Куманово донесе наредба за спроведување истрага против 36-годишна жена од Кратово, која е осомничена дека сторила кривично дело убиство. При вршење семејно насилство во четвртокот, на 13 јуни, осомничената со умисла ги лишила од живот својот сопруг и свекор. Како што соопшти обвинителството, по претходна вербална расправија, сопругот физички ја нападнал осомничената, […]

Двојно убиство во Кратово – жена ги убила сопругот и свекорот

14 јуни 2024

Триесет и шесгодишна жена од Кратово синоќа ги убила сопругот и свекорот. МВР соопшти дека жената со иницијали В.И. е приведена и задржана во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава. Како што соопшти денеска МВР, жената се сомничи дека во семејната куќа во Кратово со остар […]

Обвинение за тројца соизвршители на двојното убиство и за таткото на Вања Ѓорчевска

31 мај 2024

Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против четири лица, извести обвинителството. Станува збор за Влатко Кешишов, Велибор Маневски и Боре Видевски, кои се обвинети за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски. Тие се обвинети за кривично дело убиство и кривично дело грабнување. Таткото на Вања, […]

Не бев во бегство, тврди Палевски, откако му беше одреден притвор од 30 дена

21 мај 2024

„Не сум бил во бество и не смеам да зборувам поради истрагата“, изјави пред новинарите првоосомничениот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо кога со силно полициско обезбедување попладнево беше изнесен од Кривичниот суд. Судија на претходна постапка го потврди притворот од 30 дена, кој започнува од денот кога тој беше […]

Љупчо Палевски – Палчо спроведен во Кривичниот суд

21 мај 2024

Љупчо Палевски-Палчо, кој на 15 мај годинава беше екстрадиран од Турција во Македонија, по 6 дена поминати во истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари, денеска со силно полициско обезбедување беше спроведен во Кривичниот суд, пред судија на претходна постапка. Тој треба да даде свој исказ, како првоосомничен за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на […]

Обвинителството бара притвор за осомничениот за двојното убиство во Стајковци

18 мај 2024

Основното јавно обвинителство Скопје доставило предлог за определување мерка притвор за лицето осомничено дека ги сторило кривичните дела – убиство, во скопско Стајковци претходно неделава. Против лицето беше поведена истражна постапка откако во вторникот, на 14 мај, при вршење семејно насилство, во семејниот дом во Стајковци со умисла ги лишил од живот својот брат и […]

Палевски екстрадиран во Македонија, ќе се одмотува клопчето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

15 мај 2024

Со комерцијален лет од Истанбул, Турција на „Туркиш ерлајнс“, во 19.30 часот на Меѓународниот аеродром во Скопје беше екстрадиран Љупчо Палевски – Палчо, првоосомничен за двете монструозни убиства, на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски. Тој беше пренесен во истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари. „Денеска полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска […]

Двојно убиство на брачен пар во Стајковци, осомничениот пронајден со убоди и е хоспитализиран

14 мај 2024

Денеска во 12.30 часот во село Стајковци, скопско, по пријава во Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје, биле пронајдени лицата С.К. (57) и нејзиниот сопруг В.К. (64) на терасата и на скалите во својот дом со повреди на главата, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). Лекар од Итна медицинска помош на местото констатирал смрт кај […]

Таткото на Вања Ѓорчевска оди во домашен притвор

25 април 2024

По речиси пет месеци во притвор, Врховниот суд одлучи таткото на убиената Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, да оди во куќен притвор. „По одржаната јавна седница на ден 25.04.2024 година, Советот за казниви дела донесе Решение со кое жалбата на обвинетиот А. Ѓ., изјавена преку неговиот бранител Владимир Туфегџиќ, адвокат од Скопје, ја уважи, a решението […]

Таткото на Вања останува во притвор, пред Врховниот суд тој даде драматичен исказ

13 март 2024

„Јас сум поделен на два света. Во моментот едното дете ми се наоѓа тука, другото го одземаа. Воопшто не ми е важно каде ќе ја дочекам разрешницата, туку конечно да ја дочекам за да ја донесам одлуката дали ќе продолжам на овој свет или кај другото дете“, изјави денеска пред Врховниот суд, таткото на убиената […]

Двојно убиство во село Габреш, 67 годишник со пиштол си ја убил сестра си и внукот

22 февруари 2024

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило две кривични дела – Убиство од член 123 став 1, како и еден обид за убиство, соопштија оттаму. „Осомничениот 67-годишник, на 21 февруари во кумановското село Габреш, имал расправија, со двајцата внуци од неговата сестра. […]

Судењето на Палевски во Турција е завршено, се очекува екстрадиција

8 февруари 2024

Македонскиот министер за правда е во Турција на средба со неговиот колега, Јилмаз Тунч, на кој меѓу другото се разговарало и за постапката за екстрадиција на Љупчо Палевски – Палчо, осомничен за двојното убиство – на малолетната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес. „Министерот за правда Кренар Лога беше информиран од турскиот колега […]

Таткото на убиената Вања останува во притвор

22 јануари 2024

Александар Ѓорчевски, татко на убиената 14-годишна Вања Ѓорчевска, останува во Истражниот затвор во Шутка, соопшти Основниот кривичен суд Скопје. Одбиено е барањето на неговиот адвокат мерката затворски притвор да се замени со куќен. „Судија на претходна постапка, по предлог на одбраната на А. Ѓ. осомничен за кривично дело Грабнување од чл. 141 ст. 2 вв […]

Одбраната бара куќен притвор за таткото на убиената Вања Ѓорчевска

9 јануари 2024

Владимир Туфегџиќ, адвокат на Александар Ѓорчевски, татко на 14-годишната Вања Ѓорчевска која беше киднапирана и пронајдена убиена на 3 декември годинава, бара да му биде определен куќен притвор. Ѓорчевски се сомничи дека тој наводно помагал на останатите четворица преку давање информации за неговата ќерка, односно за времето кога таа ќе оди на училиште, за да […]

Не постои никакво сценарио за замолчување на Палчо и „Десна“

8 јануари 2024

Целата објава изнесува тврдења кои не се засновани на никакви докази, туку исклучиво на произволни изјави и толкувања. Објавата има за цел да манипулира со јавноста и да го испере од одговорност првоосомничениот за убиствата, Љупчо Палевски-Палчо. Тврдењето дека некој нешто исценирал за да го замолчи Палчо и неговата партија Десна, се само производ на […]

Страна 1 од 3