Од денеска граѓаните можат да купуваат граѓански обврзници

Со ова на граѓаните им се овозможува да инвестираат во проекти за развој на земјите, а притоа тие инвестиции се безбедни, им носат принос и особено - важно во услови на двоцифрени стапки на инфлација, ја штитат нивната вредност, рече Бесими

-

Граѓаните од денеска можат да купуваат, односно запишуваат граѓански обврзници, откако беше објавен Проспектот за првата аукција на износ од 600 милиони денари, соопштија на прес-конференција премиерот Димитар Ковачевски и министерот за финансии, Фатмир Бесими.

Граѓаните можат да инвестираат минимум 10.000 денари со купување на една обврзница, а каматната стапка, односно приносот што ќе го добијат за својата инвестиција во обврзницата е 5 отсто на годишно ниво.

„Новиот финансиски инструмент на пазарот носи бројни придобивки, како за граѓаните, така и за економијата во целина. Првата и една од главните придобивки за граѓаните е профитот, односно приносот кој ќе им го донесе граѓанската обврзница. Граѓанската обврзница има купонска камата од 5% , а истата има рочност од две години. Покрај за граѓаните, граѓанската обврзница носи и макроекономски придобивки, односно придобивки за целокупната економија. Средствата кои ќе се мобилизираат преку аукцијата на граѓанските обврзници, ќе се искористат за буџетски потреби, односно како за тековни потреби, така и за развојни цели и инвестиции во трајни добра. Во секој случај, овие средства преку буџетот ќе бидат повторно инјектирани во стопанството, како преку потрошувачката, преку исплатата на плати и пензии, така и преку инвестициски активности. Тие ќе ја придвижат економската активност, што ќе придонесе кон забрзување на економскиот раст“, изјави премиерот Ковачевски.

Министерот Бесими потенцираше дека проспектот за првата аукција е објавен на крајот на јуни и дека граѓаните веќе од денеска можат да ја започнат постапката за купување, односно запишување на граѓанските обврзници.

„Таа е многу едноставна. Граѓаните на шалтерите на сите комерцијалните банки можат да пополнат барање за учество на аукцијата и да извршат уплата на паричниот износ за кој сакаат да купат обврзници. Минималната сума која може да се запише е 10.000 денари. Граѓаните можат да пополнат барање во банките најдоцна еден ден пред одржувањето на аукцијата, односно до 12 јули. По запишување на обврзниците во депозитарот, обврзницата ќе им биде издадена на имателите, односно ќе биде запишана на нивно име“, рече министерот за финансии Бесими.

Бесими додаде дека со ова на граѓаните им се овозможува да инвестираат во проекти за развој на земјите, а притоа тие инвестиции се безбедни, им носат принос и особено важно – во услови на двоцифрени стапки на инфлација, ја штитат нивната вредност.

Како пример министерот посочи дека, доколку граѓанин инвестира во 10 обврзници, односно 100 илјади денари, ќе добие 5.000 денари принос на крајот на првата година и наредната година уште 5.000 денари или вкупно 10.000 денари за инвестиција од 100.000 денари.

Аукцијата за граѓанската обврзница ќе се одржи на 13 јули 2023 година, кога, како што посочи Бесими, ќе се знае интересот на граѓаните за овој нов инструмент на нашиот пазар.

Во четврток во Лондон Северна Македонија и Обединетото Кралство ќе потпишат договор за стратешко партнерство

На 22 мај во Лондон владите на Обединетото Кралство и Северна Македонија ќе потпишат договор за стратешко партнерство, за што британскиот амбасадор Метју Лосон вели дека ќе биде „историски момент“ во...

Мирот во Украина се чини подалечен по телефонскиот разговор меѓу Трамп и Путин

Разговорот што се најавуваше како дипломатски пресврт за претседателот на САД, Доналд Трамп, во обидот да се стави крај на војната во Украина, заврши со уште повеќе прашалници, и за неговата...

Најавена сеча на стотици дрвја во Градски парк – тие се суви или пред сушење, велат експертите

На помалку од шест месеци пред локалните избори во октомври, кога е речиси извесно дека Данела Арсовска ќе ја напушти функцијата градоначалник на Скопје, се отвори нова криза поврзана со зеленилото...

Започна со работа Националниот консултативен механизам за Реформската агенда

Првиот состанок на Националниот консултативен механизам за Реформската агенда (НКМ-РА) се одржа денеска во Europe House во Скопје и онлајн преку Zoom. Механизмот, воспоставен од Институтот за европска политика (ЕПИ) во...

Во четврток во Лондон Северна Македонија и Обединетото Кралство ќе потпишат договор за стратешко партнерство

На 22 мај во Лондон владите на Обединетото Кралство и Северна Македонија ќе потпишат договор за стратешко партнерство, за што британскиот амбасадор Метју Лосон вели дека ќе биде „историски...