понеделник, 13 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Fatmir Besimi | 35 резултати

Синдикатите и Владата постигнаа договор – 10 отсто повисоки плати за вработените во јавниот сектор

јули 11, 2023

Постигнат е договор помеѓу синдикалните организации и Владата на вчерашната средба во Министерството за финансии, кога двете страни го дефинираа моделот за раст на платите на вработените во јавната администрација. Вработените во јавниот сектор од септември ќе добиваат 10 отсто повисоки плати, но и регрес за годишен одмор. Зголемување ќе има за сите работници, но […]

Бесими симболично купи граѓанска обврзница за да ги поттикне и граѓаните

јули 7, 2023

Министерот за финансии, Фатмир Бесими, симболично купи граѓанска обврзница, и ја објави на својот профил на Фејсбук, велејќи дека ќе ѝ ја подари на неговата 14-годишна ќерка, како нејзина прва инвестиција за подобра иднина. Во објавата на Фејсбук, министерот Бесими го истакна значењето на оваа инвестициска активност која, како што вели, има за цел да ги […]

Од денеска граѓаните можат да купуваат граѓански обврзници

јуни 30, 2023

Граѓаните од денеска можат да купуваат, односно запишуваат граѓански обврзници, откако беше објавен Проспектот за првата аукција на износ од 600 милиони денари, соопштија на прес-конференција премиерот Димитар Ковачевски и министерот за финансии, Фатмир Бесими. Граѓаните можат да инвестираат минимум 10.000 денари со купување на една обврзница, а каматната стапка, односно приносот што ќе го […]

Бесими: Со штрајк не може да се блокираат граничните премини

јуни 22, 2023

Ниту вработените во Управата за јавни приходи ниту царинските службеници имаат намера да затворат гранични премини или да не исплатат плати, изјави денеска министерот за финансии Фатмир Бесими. Тој изрази уверување дека ситуацијата ќе се надмине оти како што објасни, има закон за регулирање на правата и за тоа како се дефинира процедурата за штрајк. […]

Бесими: Интензивно се дискутира за системско решение за раст на платите во јавната администрација

јуни 14, 2023

Единствено одржливо решение кое ќе обезбеди раст на платите на вработените во јавниот сектор е системско решение заеднички усвоено и дефинирано со синдикатите. Парцијално или индивидуално решение ќе го оневозможи таквото системско решение кое е неопходно во правец на континуиран раст на платите. Ова денеска во изјава за медиумите го истакна министерот за финансии Фатмир […]

Бесими: Граѓанските обврзници се безризична инвестиција која ќе им донесе приноси на граѓаните

мај 28, 2023

Граѓанските обврзници се безризична инвестиција којашто ќе им донесе приноси на граѓаните и ќе ја заштити вредноста на нивните заштеди од ефектите од инфлацијата и ќе ја унапреди севкупно сигурноста на нивното портфолио. Овие долгорочни хартии од вредност, што државата ќе почне да ги издава следниот месец, ќе донесат голем број придобивки, како за граѓаните, […]

Наредниот месец ќе се издадат првите обврзници наменети за граѓаните

мај 15, 2023

Државата во наредниот месец ќе ги издаде првите обврзници наменети за граѓаните. Се прават последните подготвки за издавање на овој финансиски инструмент, а граѓанската обрзница ќе биде двегодишна, на износ од минимум 10.000 денари, со каматна стапка која ќе биде дефинирана во наредиот период. Ова го соопшти денеска министерот за финансии Фатмир Бесими на средба […]

Помош од 80 милиони евра од ЕУ за земјава за справување со енергетската криза

март 9, 2023

Република Северна Македонија доби 80 милиони евра финансиска поддршка од Европската Унија, а парите ќе им помогнат на граѓаните да се справат со барањата кои се појавија како резултат на енергетската криза, изјави денеска евроамбасадорот во земјава, Дејвид Гир. На денешната прес-конференција зборуваа премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференцијата на која учествуваа и вицепремиерот за евроинтеграции […]

Ќе се намали данокот за влошките и другите производи за менструална хигиена

декември 1, 2022

Премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција на која го презентираше новиот владин концепт на даночна реформа, истакна дека со измените кои се планираат за даноците за следната година, ќе има намалување на ДДВ-то на производи за менструална хигиена од 18 на 5 проценти. „Од следната година нема да се применува прогресивното оданочување на доходот, што […]

Во ТИРЗ Тетово потпишан договорот за државна помош за производство на електричните автомобили НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ

август 13, 2022

Владата на Република Северна Македонија, застапувана и претставувана од Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони и „НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ“, денеска во ТИРЗ Тетово потпишаа договор за државна помош за нова инвестиција, која предвидува целосно производство на електрични автомобили e.GO, соопшти владината служба за информирање. Како што беше кажано на церемонијата, на која беше ставен камен-темелник за […]

Собранието го усвои ребалансот на буџетот за 2022 година

јули 19, 2022

Собранието, со 61 глас „за“ денеска го усвои предлог-ребалансот на буџетот за 2022 година. Вкупните приходи во Буџетот за 2022 година се утврдени на ниво од 245,8 милијарди денари, додека вкупните расходи на 288,5 милијарди денари. Буџетскиот дефицит е планиран на ниво од 42,7 милијарди денари, односно 5,3% од БДП, што е пониско во однос […]

Ребалансот на буџетот обезбедува повисоки плати за наставниците и пензии за пензионерите

мај 21, 2022

Владата го усвои ребалансот на Буџетот со што се обезбедија средства за покачување на пензиите на пензионерите, на платите за наставниците, за субвенциите кои се даваат по покачувањето на минималната плата во јавниот и во приватниот сектор, како и повеќе средства за социјални надоместоци и субвенции за гарантиран минимален приход. Министерот за финансии Фатмир Бесими, […]

Обезбедена финансиската рамка за гасоводот кон Грција вреден 57,8 милиони евра

декември 23, 2021

Министерот за финансии Фатмир Бесими соопшти дека се обезбедени средства за реализација на проектот за изградба на интерконективен гасовод меѓу РС Македонија и Грција. Тој и потпретседателката на Европската инвестициска банка (ЕИБ), Лилјана Павлова го потпишаа Договорот за гаранција на РС Македонија. Воедно, се потпиша и финансискиот договор меѓу Национални енергетски ресурси (НЕР) и ЕИБ. […]

Намалувањето на данокот за струја на 5 отсто заглави во Собранието, сметките за јули ќе се плаќаат по старо

јули 13, 2021

Сѐ додека Собранието не ги донесе законските измени за намалување на ДДВ-то за електричната енергија, од 18 на 5 отсто, домаќинствата ќе ги плаќаат сметките со постојната ставка на ДДВ од 18 отсто, која е сега на сила, потврди денеска на прес конференција во Владата, министерот за финансии Фатмир Бесими, како одговор на новинарско прашање. […]

Бесими најави План за финансирање на економско заздравување и забрзан раст

април 9, 2021

Министерството за финансии работи на План за финансирање на економско заздравување и забрзан раст, кој има за цел да ги соедини сите иницијативи, планови и алоцирани фондови на Владата и меѓународните финансиски партнери за реализација на капитални проекти за овој период. Целта на овој документ е да дизајнира иновативни начини за спроведување на јавните инвестиции, […]

Бесими: Осмата еврообврзница од 700 милиони евра е издадена по најниска каматна стапка до сега

март 4, 2021

Министерот за финансии Фатмир Бесими информираше дека ја издале осмата еврообврзница, и тоа, како што истакна на денешната прес-конференција, по убедливо најниска каматна стапка од 1,625 проценти. Според него, тоа значи дека кредибилитетот на инвеститорите во нашата економија и политиките кои се спроведуваат расте, па согласно тоа се намалува каматната стапка по која би купиле […]

Бесими: Економијата полека се враќа во нормала, буџетот е во стабилна кондиција

март 2, 2021

Економската активност полека се враќа, има добар тренд на реализација на приходите, а во февруари тие се очекува да бидат подобри во споредба со лани, рече министерот за финансии Фатмир Бесими. Тој очекува проектираниот раст од 4,1 проценти да се задржи и дека по вториот квартал, економската активност полека ќе се врати на новата нормала. […]

Бесими: Интензивно работиме на воведување на Интегрираниот информациски систем за управување со јавните финансии

февруари 26, 2021

Министерството за финансии го подготвува проектот за воведување Интегриран информациски систем за управување со јавните финансии (IFMIS), и очекува неговата имплементација да биде поддржана од Групацијата на Светска банка и од Европската комисија, во рамки на Вториот инструмент за претпристапна помош ИПА-2. Ова го најави министерот за финансии Фатмир Бесими на средбата со директорот на […]

Исполнети условите за втората транша од 80 милиони евра помош од ЕУ за надминување на кризата

февруари 25, 2021

Исполнети се условите за добивање на втората транша од 80 милиони евра од макрофинансиската помош од Европската Унија во вкупен износ од 160 милиони евра, а кои се наменети за надминување на кризата предизвикана од корона вирусот, информира министерот за финансии, Фатмир Бесими, на средбата со еврокомесарот за буџет и администрација, Јоханес Хан и со […]

Бесими-Вархеји: Економско-инвестицискиот план за Западен Балкан ќе овозможи побрз економски раст на регионот

февруари 25, 2021

Планот за опоравување од кризата предизвикана од ковид-19 и забрзан економски раст, Економско-инвестицискиот план за Западен Балкан и планот за Заеднички регионален пазар, беа тема на дискусија на средбата во Брисел помеѓу министерот за финансии, Фатмир Бесими и комесарот за соседски политики и преговори за проширување на ЕУ, Оливер Вархеји. Реализацијата на овој економски план ќе го трансформира регионот, што ќе води […]

Страна 1 од 2