fbpx

Бесими: Осмата еврообврзница од 700 милиони евра е издадена по најниска каматна стапка до сега

-

Министерот за финансии Фатмир Бесими информираше дека ја издале осмата еврообврзница, и тоа, како што истакна на денешната прес-конференција, по убедливо најниска каматна стапка од 1,625 проценти.

Според него, тоа значи дека кредибилитетот на инвеститорите во нашата економија и политиките кои се спроведуваат расте, па согласно тоа се намалува каматната стапка по која би купиле еврообврзница од нас.

„Доколку се направи споредба со еврообврзницата од 2014 година, која треба да се рефинансира со оваа, каматната заштеда е 82,25 милиони евра. На вчерашната аукција, имавме за 2,3 пати повисока побарувачка од страна на меѓународните инвеститори. Имено, ако понудата за осмата еврообврзница беше 700 милиони евра, побарувачката беше 1,6 милијарди евра од страна на над 130 меѓународни инвеститори. Она што е особено охрабрувачки од аспект на меѓународниот пазар на капитал е дека за само девет месеци има значително подобрување на перспективите на нашата економија и нејзиниот потенцијал кај меѓународните инвестори. Така, каматната стапка на седмата еврообврзница, која беше издадена на почетокот на корона-кризата во јуни 2020 година, изнесуваше 3,625 проценти. Сега каматната стапка е 1,625 проценти, или за 2,05 процентни поени помалку,“ рече Бесими.

Министерот посочи дека иако сумата на осмата издадена еврообврзница е 700 милиони евра, нето-повлекувањето по основ на оваа еврообврзница е 200 милиони евра. Имено, со средствата од осмата еврообврзница ќе се рефинансира еврообврзницата издадена во 2014 година во износ од 500 милиони евра.

Еврообврзницата од 2014 година е издадена со каматна стапка од 3,975 проценти со рочност од 7 години, или за 2,35 процентни поени повисоко во однос на еврообврзницата издадена сега, што значи дека по основ на камата ќе се заштедат скоро 82,25 милиони евра.

Заедно со преземените обврски и отплата на обврските кои достасуваат, проекциите на Министерството за финансии покажуваат дека државниот долг на крајот на годината ќе изнесува 53,2 проценти, додека јавниот 63,4 проценти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Таткото на Вања Ѓорчевска оди во домашен притвор

По речиси пет месеци во притвор, Врховниот суд одлучи таткото на убиената Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, да оди во куќен притвор. „По одржаната јавна седница на ден 25.04.2024 година, Советот...