Бесими: Со штрајк не може да се блокираат граничните премини

„Има закон за штрајк како се регулира. Во Законот точно се регулира дека синдикатите заедно со работодавачите утврдуваат начин како тоа ќе излезе. И тука мора да сме стриктни сите, во однос на почитување на законите и во однос на почитувањето на правата“, рече Бесими

-

Ниту вработените во Управата за јавни приходи ниту царинските службеници имаат намера да затворат гранични премини или да не исплатат плати, изјави денеска министерот за финансии Фатмир Бесими. Тој изрази уверување дека ситуацијата ќе се надмине оти како што објасни, има закон за регулирање на правата и за тоа како се дефинира процедурата за штрајк.

Во однос на тоа дали ќе бидат зголемени платите во овие две институции, министерот уште еднаш го повтори владиниот став дека земјава треба да има ефикасна, професионална јавна администрација и поради тоа се бара одржливо системско решение кое ќе важи за сите.

„Во однос на исплата на плата и во однос на гранични премини, тоа не може да се случи. Мислам дека тука не е ниту намерата на УЈП, на вработените, ниту на царинските службеници да затворат гранични премини или да не исплатат плати. Нема официјално најави за тоа. Има закон за штрајк како се регулира. Во Законот точно се регулира дека синдикатите заедно со работодавачите утврдуваат начин како тоа ќе излезе. И тука мора да сме стриктни сите, во однос на почитување на законите и во однос на почитувањето на правата“, рече Бесими.

За платите, додаде, интензивно се разговарало со синдикатите преку економско-социјалниот дијалог.

„Со синдикатите разговараме да има системско решение кое важи за сите, да има постојана динамика на плати што го следи приватниот сектор, односно продуктивноста на економијата, а и тоа што се случува во однос на цените, инфлацијата, со цел да имаме еден стандард и одржливо решение кое ќе важи за сите. Имаме комуникација и со УЈП и Царинската управа, но тоа се две различни работи. Во однос на овие две институции, таму се регулираат и други прашања кои се во областа на законите, УЈП, Царинската управа. Имаме разбирање за барањата на вработените, мислам дека тоа ќе се надмине“, рече министерот.

Вработените во Царинската управа на РСМ и Управата за јавни приходи (УЈП) на 16 јуни протестираа за повисоки плати. Од Синдикатот во Царинската управа предупредија дека ќе ги затворат граничните премини кон соседните земји доколку не им биде исполнето барањето.

Потврдени два случаи на мајмунски сипаници во Македонија

Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија (ИЈЗ) сношти потврди дека се регистрирани првите два лабораториски потврдени случаи на мајмунски сипаници (Monkeypox) во земјава. Пациентите биле упатени од Клиниката за кожни...

Шок на Харвард по забраната за упис на студенти од странство

Страв и конфузија завладеа на Харвард, еден од најпрестижните универзитети во светот, откако администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп објави дека повеќе нема дозвола да запишува меѓународни студенти, објави Њујорк...

Британска амбасада: Почеток на нова ера во односите меѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија

Со потпишувањето на новото партнерство Влада со Влада, денес започнува нова ера во односите помеѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија, соопшти Британската амбасада во Скопје. Како што велат од таму, партнерството...

Зеленски разговарал со Сиљановска Давкова за самитот Украина – Југоисточна Европа во Одеса, не е јасно дали таа ќе учествува

Украина го подготвува четвртиот Самит „Украина – Југоисточна Европа“, кој годинава е планирано да се одржи во Одеса, Украина. За таа цел украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска соопшти дека разговарал со...

Потврдени два случаи на мајмунски сипаници во Македонија

Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија (ИЈЗ) сношти потврди дека се регистрирани првите два лабораториски потврдени случаи на мајмунски сипаници (Monkeypox) во земјава. Пациентите биле упатени од Клиниката...