fbpx

Курти и Вучиќ отидоа во Брисел на средба со Борел

Итниот состанок во Брисел е за да се пронајде решение за деескалација на ситуацијата во северниот дел на Косово

-

Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти заминаа денеска во Брисел на средба со шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел и со специјалниот пратеник за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчек. Вучиќ отиде во Брисел, но претходно изјави дека нема да разговара со Курти, туку само со Борел.

„Со Албин Курти немам за што да разговарам. Разговорот со нив нема никаква смисла, со него не водиме разговор“, изјави Вучиќ, пренесува Коссев.инфо. 

Косовскиот премиер Албин Курти рече дека единствено решение е целосна, брза и безусловна примена на Основниот договор од 27 февруари и неговиот анекс договорен на 18 март во Охрид.

Радио-телевизија Косово јавува дека денешниот состанок на премиерот Албин Курти со Жозеп Борел и Мирослав Лајчак траел околу еден час, по што европските официјални лица го почнале состанокот и со српскиот претседател Александар Вучиќ.

Итниот состанок во Брисел е за да се пронајде решение за деескалација на ситуацијата во северниот дел на Косово.

Инаку, и денеска во Косово имаше протести на српската заедница, при што се протестираше во Грачаница и Ранилуг поради апсењето на Драгиша Миленковиќ, на кого Основниот суд во Приштина денеска му определи мерка притвор од 30 дена, јавува Радио-телевизија Србија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петнаесет работници лани загинале на работните места

Утре, в недела, на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, во паркот на улицата Пандил Шишков во општина Аеродром ќе бидат засадени 15 дрвца, колку што изнесува...