fbpx

Протести во Царина и УЈП, вработените бараат повисоки плати

Од Синдикатот во Царинската управа предупредија дека ќе ги затворат граничните премини кон соседните земји доколку не им биде исполнето барањето за повисоки плати

-

Вработените во Царинската управа на РСМ и Управата за јавни приходи (УЈП) денеска протестираа за повисоки плати. Вработените во Царина за време на паузата од 12 до 12:30 часот одржаа предупредувачки протест, при што побараа исплата на додаток на платата од 30 отсто и нов колективен договор.

Од Синдикатот во Царинската управа предупредија дека ќе ги затворат граничните премини кон соседните земји доколку не им биде исполнето барањето за повисоки плати.

И вработените во Управата за јавни приходи денеска по втор ден протестираа во периодот од 10 до 12 часот, барајќи зголемување на платите за 30 отсто.

Синдикатот во УЈП најави дека до работодавачот денеска ќе испратат известување за штрајк, како и предлог за помирување до Министерството за труд и социјална политика. Доколку не се реализира нивното барање, тие се заканија дека ќе организираат генерален штрајк.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...