fbpx

Синдикатите и Владата постигнаа договор – 10 отсто повисоки плати за вработените во јавниот сектор

До крајот на годинава во јавниот сектор ќе се исплати и регрес од 10.000 денари, додека од следната година истиот ќе изнесува најмалку 30 отсто од просечната нето-плата

-

Постигнат е договор помеѓу синдикалните организации и Владата на вчерашната средба во Министерството за финансии, кога двете страни го дефинираа моделот за раст на платите на вработените во јавната администрација.

Вработените во јавниот сектор од септември ќе добиваат 10 отсто повисоки плати, но и регрес за годишен одмор. Зголемување ќе има за сите работници, но не и за функционерите кои со одлука на Уставен суд добија покачување на платите за 78 отсто.

До крајот на годинава во јавниот сектор ќе се исплати и регрес од 10.000 денари, додека од следната година истиот ќе изнесува најмалку 30 отсто од просечната нето-плата.

Министерот за финансии Фатмир Бесими по средбата рече дека е постигнато системско и одржливо решение за раст на платите.

„Предлогот, кој заеднички го утврдивме, со претставници на синдикатите, ќе биде доставен до Економско-социјалниот совет, кој на седница, која ќе се одржи наредните денови, треба да се потврди. Тоа претставува системско решение кое  обезбедува раст на платите на сите вработени во јавниот сектор од 10% почнувајќи со платата за септември 2023 година“, истакна министерот Фатмир Бесими.

И синдикалците излегоа задоволни од средбата во Министерството за финансии.

„Искомуницирано е членството, донесени се одлуки и очекуваме да бидат применети. Десет проценти може е малку, но со зголемените плати  од јануари ќе има дополнително зголемување, изјави Слободан Трендафилов, претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).

Покрај растот на платите, договорено е и воведување нова методологија на плати со коефициент според просечната бруто-плата од март 2025 година.

Бесими најави дека во септември ќе се прави ребаланс на Буџетот со цел имплементација на договореното.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поминаа 23 години од масакрот кај Вејце

Денеска се навршуваат 23 години од масакрот кај Вејце, кога во 2001 година, од заседа беа убиени и масакрирани осум припадници на посебната единица при СВР Битола и припадници...