fbpx

Бесими: Граѓанските обврзници се безризична инвестиција која ќе им донесе приноси на граѓаните

Рочноста на овие хартии од вредност ќе биде две години, a минималниот износ за инвестирање ќе биде 10.000 денари, додека каматната стапка дополнително ќе се утврди, соодветно на финансиските пазарни услови, пишува Бесими

-

Граѓанските обврзници се безризична инвестиција којашто ќе им донесе приноси на граѓаните и ќе ја заштити вредноста на нивните заштеди од ефектите од инфлацијата и ќе ја унапреди севкупно сигурноста на нивното портфолио. Овие долгорочни хартии од вредност, што државата ќе почне да ги издава следниот месец, ќе донесат голем број придобивки, како за граѓаните, така и за економијата. Тие ќе ја поттикнат инвестициската активност, ќе ја намалат готовината во оптек – што е еден од начините за сузбивање на сивата економија, но и ќе влијаат и на натамошниот развој на пазарот на хартии од вредност во земјава, пишува во својата колумна, министерот за финансии Фатмир Бесими.  

Рочноста на овие хартии од вредност ќе биде две години, a минималниот износ за инвестирање ќе биде 10.000 денари, додека каматната стапка дополнително ќе се утврди, соодветно на финансиските пазарни услови.

„Имателите на државните хартии од вредност добиваат соодветна камата, како надоместок за нивната инвестиција. Воедно државните хартии од вредност се познати како најбезбедни финансиски инструменти. Преку инвестирање во новите финансиски инструменти на државата, граѓаните ќе ја заштитат вредноста на заштедите со кои располагаат. Дополнително, ќе се намалат притисоците кај потрошувачката, а со тоа и инфлациските притисоци“, посочува министерот за финансии.

Бесими во колумната се осврнува и на Стратегијата за развој на финансискиот пазар, усвоена од Владата на предлог од Министерството за финансии, а креирана преку инклузивен процес. Во рамки на Стратегијата се предвидува издавање и на други нови видови  обврзници како развојни обврзници – кои ќе го поттикнат финансирањето на развојните проекти во земјата, зелени обврзници – кои ќе бидат наменети за проекти за унапредување и заштита на животната средина, како и проектни обврзници кои ќе бидат алтернативен начин за финансирање проекти поврзани со инфраструктура.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Со 78 гласа „за“, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите. Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање...