сабота, 6 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: Fatmir Besimi | 35 резултати

Бесими: 30 до 50 отсто од бескаматната кредитна линија ќе се претвори во грант, ако компаниите го прошират бизнисот

февруари 18, 2021

Важно е компаниите, кои покажале позитивни резултати, да ги инвестираат нивните средства за да ги развијат бизнисите, за што следува дополнителна помош од државата. Со мерката „Кредити со 0 проценти камата за најпогодените сектори“ овие компании ќе имаат можност 30 проценти од кредитната линија да ја трансформираат во грант, доколку ја прошират нивната економска активност […]

Тетово добива градски превоз – пет автобуси ќе сообраќаат на три градски линии

јануари 17, 2021

Преку Проектот за подобрување на општински услуги кое Министерството за финансии го спроведува заедно со Светска банка, Општина Тетово набави пет автобуси за градски превоз во вкупна вредност од 720.000 евра. Со ова, Тетово за првпат добива јавен превоз во градот со воведување на три градски линии. На настанот за примопредвање на автобусите присуствуваа министерот […]

Бесими: Антикризните мерки го ублажија падот на економијата кој ќе беше над седум проценти

декември 22, 2020

Антикризните мерки го амортизираа падот на економската активност, кој дојде како резултат на кризата предизвикана од Ковид-19, посочи министерот за финансии Фатмир Бесими на конференцијата „Социо-економско влијание на Ковид-19 во Северна Македонија – научени лекции и препораки за успешна и одржлива обнова“ во организација на УНДП и „Фајненс Тинк“. „Доколку не се делуваше брзо преку […]

Бесими: Нов Закон за внатрешна финансиска контрола за зголемување на отчетноста на институциите 

декември 15, 2020

Нов систем на раководна отчетност во финансиското управување и контрола на институциите од јавниот сектор ќе се создаде со новиот Закон за системот на внатрешна финансиска контрола во јавниот сектор, истакна министерот за финансии Фатмир Бесими, на јавна дискусија за новиот нацрт-закон. Во наредниот период, Министерството за финансии ќе работи заедно со институциите во изготвување […]

Предлог-буџетот за 2021 со три главни цели: поддршка на здравството и економијата, евро-интеграции и реформи во судството

ноември 12, 2020

Предлог-буџетот за 2021, кој министерот за финансии Фатмир Бесими денеска го достави до претседателот на Собранието, Талат Џафери има три цели: поддршка на здравството и на економијата и системски реформи во правосудството и евроатлансите интеграции. „Ова ќе се постигне преку стратегијата за економско заздравување и забрзан раст. Првиот столб е справување со ковид-кризата, вториот е […]

Усвоен ребалансот на буџетот, најголем дел од средствата наменети за здравствениот систем и економските мерки

ноември 4, 2020

Парламентарното мнозинство го усвои ребалансот на буџетот за 2020 година со кој се обезбедуваат дополнителни средства за зајакнување на здравствениот систем, како и за реализација на четвртиот пакет антикризни мерки за справување со економските последици од коронакризата. Со ребалансот обезбедени се 243 милиони денари за справување со здравствените последици од коронавирусот. Овие средства ќе бидат […]

Бесими: Проекциите за БДП и јавниот долг се далеку полоши во однос на финансиската криза во 2009 година

октомври 1, 2020

На денешната средба со претставниците од Македонската банкарска асоцијација, министерот за финансии Фатмир Бесими оцени дека добро е што финансискиот сектор е стабилен во време на кризата што ја предизвика корона вирусот. Но, ситуацијата со економијата е сериозна, а за тоа според Бесими, најдобар показател се БДП и јавниот долг, чии проекции се далеку полоши во […]

Државата со 10 милиони евра гаранција, на фирмите ќе им го олесни подигнувањето кредити

септември 18, 2020

Воведување на државна гарантна шема, даночен календар и електронска фактура се некои од барањата кои министерот за финансии Фатмир Бесими за време на средбата во Стопанската комора на Македонија, им вети на стопанствениците дека ќе ги реализира во наредниот период. Стопанствениците побараа полесен пристап до капитал, особено сега во услови на светска економска криза, кога […]

Министри и експерти разговараа за економските предизвици и новите антикризни мерки

септември 17, 2020

Економските предизвици и перспективи за наредниот период, новите антикризни мерки како и воведувањето нови системски политики коишто ќе бидат катализатор на опоравувањето, а потоа и на растот, беа тема на денешната панел-дискусија „СМАРТ финансии и економски политики во време на пандемија и новата нормалност“, којашто беше организирана од страна на министерот за финансии, Фатмир Бесими, […]

Економскиот удар од ковид-кризата во фокусот на средбата помеѓу Бесими и Ангеловска Бежоска

септември 9, 2020

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска денеска оствари средба со новиот министер за финансии Фатмир Бесими. На средбата, меѓу другото се дискутирало за актуелните состојби во домашната економија по првиот удар како последица од ковид-кризата. Најсилното влијание, како што истакнаа соговорниците, се очекува дека е онa во изминатиот втор квартал од оваа година и дека […]

Утре мандатарот Заев до Собранието ќе го поднесе составот на новата влада, гласање во недела

август 25, 2020

Претседателот на СДСМ и мандатар, Зоран Заев, најави дека ќе го поднесе предлог составот на новата влада и програмата за нејзина работа веднаш штом биде утврден бројот на потпретседатели на Собранието. Според Заев, предлог-составот на новата влада ќе се знае најрано утре изутрина. Гласањето за избор на Владата се очекува да се случи во недела. […]

Страна 2 од 2