Бесими: Интензивно се дискутира за системско решение за раст на платите во јавната администрација

Ваквото решение ќе го дефинира статусот и ќе го заштити стандардот на вработените, а воедно ќе ја следи продуктивноста на економијата, рече министерот Бесими

-

Единствено одржливо решение кое ќе обезбеди раст на платите на вработените во јавниот сектор е системско решение заеднички усвоено и дефинирано со синдикатите. Парцијално или индивидуално решение ќе го оневозможи таквото системско решение кое е неопходно во правец на континуиран раст на платите.

Ова денеска во изјава за медиумите го истакна министерот за финансии Фатмир Бесими, посочувајќи дека во рамки на Економско-социјалниот совет се водат интензивни разговори и се очекува да се усогласи и дефинира методологијата.

Бесими рече дека ваквото решение ќе го дефинира статусот и ќе го заштити стандардот на вработените, а воедно ќе ја следи продуктивноста на економијата.

„Во рамки на Економско-социјалниот совет интензивно дискутираме со синдикатите за изнаоѓање решение кое ќе значи воспоставување методологија и ќе биде системско решение кое ќе ги заштити вработените во јавниот сектор и нивниот стандард во однос на инфлацијата.  Се работи на усогласување и потпишување на Општ колективен договор, кој ќе важи за сите вработени во јавниот сектор. Процесот е дефиниран, преговорите се водат и очекуваме да се усогласиме и да се заокружи целиот процес и методологијата“, рече Бесими.

Министерот посочи дека договореното решение би имало транзиторна примена, односно период на приспособување. Тој рече оти платите на вработените во јавниот сектор имаат раст и годинава и дека растот ќе продолжи и во иднина преку системското решение.

Велика Британија и Европа ѝ наметнуваат големи санкции на Русија по повикот меѓу Путин и Трамп

Обединетото Кралство и Европа најавија големи санкции против Русија, откако стана јасно дека телефонскиот повик меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин не донел никакви значајни отстапки од Москва, пренесува Гардијан. Украинскиот претседател,...

Британски фирми со домашни подизведувачи ќе ја градат пругата од Коридорот 10, за пет години ќе се повлечат 2,2 милијарди евра

Од помпезно најавените шест милијарди евра „инвестициски бум“ како дел од договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство, во првите пет години ќе се повлечат 2,2 милијарди евра или околу една...

Опожарени три автомобили во Битола

Ноќеска, половина час по полноќ било пријавено дека се опожарени три автомобили паркирани пред колективна зграда на улицата „Леринска“ во Битола. Огнот најпрво избувнал во „тојота“, потоа зафатил уште две возила...

Матурант пронајден починат во нива во Струмица

На 19 мај во 12.05 часот во Полициската станица Струмица е пријавено дека во нива на место викано Крива река во Струмица е пронајден починат М.А.(19) од Струмица, потврдуваат од СВР...

Велика Британија и Европа ѝ наметнуваат големи санкции на Русија по повикот меѓу Путин и Трамп

Обединетото Кралство и Европа најавија големи санкции против Русија, откако стана јасно дека телефонскиот повик меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин не донел никакви значајни отстапки од Москва, пренесува...