fbpx

Притвор за лицето од Подлес штo уби сосед и рани уште едно лице

Настанот се случил во понеделникот во селото Подлес, кога двајцата соседи на осомничениот, со цел да се приклучат на мрежната водоводна инсталација, со соодветен алат започнале да извршуваат ископ на земјата на десетина метри од влезната врата на осомничениот

-

Наредба за спроведување истражна постапка против 61-годишниот жител на селото Подлес, Градско, кој вчера уби еден, а рани уште еден свој сосед, донесе јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес.

Наредбата е донесена поради постоење на основано сомнение дека жителот на Подлес ги сторил кривичните дела убиство, убиство во обид и неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи, информираше денеска Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

„Ценејќи дека постојат околности што укажуваат дека осомничениот може да побегне, дека ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоци и вештаци, како и дека може да го повтори делото, до судијата на претходна постапка при Основниот суд Велес достави предлог за определување на мерка притвор против осомничениот. Судијата го прифати предлогот на обвинителството и со Решение определи притвор во траење од 30  дена“, се вели во соопштението на Јавното обвинителство.

Настанот се случил во понеделникот во селото Подлес, кога двајцата соседи на осомничениот, со цел да се приклучат на мрежната водоводна инсталација, со соодветен алат започнале да извршуваат ископ на земјата на десетина метри од влезната врата на осомничениот. Откако ги забележал, осомничениот, со кого оштетените имале претходно нарушени односи, дошол со пиштол што неовластено го поседувал и почнал да пука кон нив.

Притоа, едниот оштетен бил ранет во пределот на левата натколеница, додека вториот починал на местото на настанот од здобиените прострелни рани на левата страна од стомакот и левата нога.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...