fbpx
Таг: Градско

таг: Градско

Притвор за лицето од Подлес штo уби сосед и рани уште едно лице

Наредба за спроведување истражна постапка против 61-годишниот жител на селото Подлес, Градско, кој вчера уби еден, а рани уште еден свој сосед, донесе јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес. Наредбата е донесена поради постоење на основано сомнение дека жителот на Подлес ги сторил кривичните дела убиство, убиство во обид и неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и...

МОН: Насилство во училиштата е недозволиво

Министерството за образование и наука ја поздравува одлуката на градоначалникот на општина Градско за разрешување на директорот на основното општинско училиште каде беше утврден случај на врсничко насилство, соопштија оттаму. „Ја охрабруваме локалната самоуправа да продолжи и да ги интензивира активностите за градење на мирна и хармонична училишна средина во која секое дете ќе може да го достигне својот полн...

Мостот кај Градско е саниран, железничкиот сообраќај пуштен во употреба

Бетонскиот мост на железничката пруга кој се наоѓа меѓу станицата Градско и крстосница Кукуричани, поради кој железничкиот сообраќај на Kоридорот 10 беше во прекин, е комплетно саниран и од вечерва сообраќајот на овој дел ќе биде пуштен во употреба, информираа од МЖ „Инфраструктура“. „Пред пуштање на мостот за сообраќај, санацијата е извршена во специфични услови при што се извршени специјални прегледи и испитувања со пробно товарење согласно на член 27 од Правилникот за начинот...

Две жртви во сообраќајки во Арачиново и на автопатот Градско – Велес

Две лица ги загубиле животите во сообраќајни незгоди што се случиле вчера, соопшти МВР. Првата сообраќајка се случила околу 17.30 часот, на улицата 1 во селото Арачиново. А.С. (29) од Арачиново, кој управувал со џип „мерцедес“, удрил во С.Ш. (60), кој починал веднаш, и во едно шестгодишно дете, кое било пренесено во Ургентен центар Скопје. Откако  удрил во пешаците, А.С. избегал,...

Сообраќајот кај Стоби се одвива по една лента поради оштетување на мостот

Сообраќајот на автопатот А-1, Градско - Неготино, кај Стоби, се одвива по левата коловозна лента бидејќи десната е затворена за сообраќај поради оштетување на мостот на реката Црна, информираат од Автомото-сојузот на Македонија. Сообраќајот на државните патишта се одвива по на места влажни коловози. Во клисурите и во засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци Кочани - Македонска...

Полицијата трага по 78-годишен жител на Росоман, пријавен за исчезнат

Жителка на Росоман, вчера во полициската станица во Кавадарци го пријавила за исчезнат својот 78-годишен свекор Б.А., кој пред четири дена со такси-возило заминал кон болницата во Велес и оттогаш му се губи секаква трага. Според досегашните сознанија на полицијата, во Градско, Б.А., на свое барање, се симнал од возилото и му кажал на таксистот дека ќе оди на гости во...

Повторно затворен за сообраќај патот од мотел „Македонија“ до Градско

За потребите на снимањето на францускиот филм „А фонд“, во тек е прекин на сообраќај на патниот правец А1, на делот од мотел „Македонија“ до Градско, кој ќе трае до 18 часот. Пренасочување се врши преку стариот пат.

Денеска затворен за сообраќај патот од мотел „Македонија“ до Градско

Сообраќајот на патните правци низ државата се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од земјава. Снимањето на францускиот филм се одвива на делницата од мотел „Македонија“ до Градско од 5 до 18 часот, што значи дека сообраќајот ќе се пренасочува по стариот...

Автопатот Скопје – Градско затворен за сообраќај, се вози по стариот пат

Екипата на францускиот филм „A фонд“ го заврши снимањето на скопската обиколница и од вторникот снимањето е на дел од автопатот од мотел „Македонија“ до Градско. Поради тоа, од 5 до 18 часот сообраќајот се одвива по стариот пат, кој е обележан со соодветна сигнализација. Снимањето е планирано да се одвива во работни денови. Поради обилни врнежи од дожд, сè уште е...

Ќе се гради пат Кавадарци – Прилеп

Денеска, претставници и проектанти од Агенцијата за патишта во салата на општина Кавадарци имаа средба со граѓаните што имаат свое земјиште и се засегнати со процесот на експропријација во делот на патниот правец кој Владата на Република Македонија планира да го гради од наплатаната станица кај Градско преку општина Росоман и Кавадарци до општина Прилеп. - Стариот пат останува и...

Во изминатото деноноќие регистрирани 22 пожари на отворено, осум сè уште се активни

Вкупно 22 пожари на отворено биле евидентирани во последното деноноќие, а од нив утрово се активни осум пожари, информираше Центарот за управување со кризи (ЦУК). Пожарот над село Селце, кој...