Наредниот месец ќе се издадат првите обврзници наменети за граѓаните

Се прават последните подготвки за издавање на овој финансиски инструмент, а граѓанската обрзница ќе биде двегодишна, на износ од минимум 10.000 денари, со каматна стапка која ќе биде дефинирана во наредиот период, рече министерот за финансии

-

Државата во наредниот месец ќе ги издаде првите обврзници наменети за граѓаните. Се прават последните подготвки за издавање на овој финансиски инструмент, а граѓанската обрзница ќе биде двегодишна, на износ од минимум 10.000 денари, со каматна стапка која ќе биде дефинирана во наредиот период. Ова го соопшти денеска министерот за финансии Фатмир Бесими на средба со новинарите.

„Целта на издавањето на граѓанската обврзница не е ликвидност на Буџетот. Издавањето на оваа обврзница, заедно со развојната, зелената и проектната обврзница се предвидени уште со Планот за забрзан раст, а граѓанската обврзница е предвидена и во Буџетот за 2023 година, односно нејзиното издавање е дел од предвиденото задолжување во оваа година на домашниот пазар и таа нема да го зголеми дефицитот и јавниот долг“, рече министерот за финансии Фатмир Бесими.

Тој додаде дека подготовките за издавањето на граѓанската обврзница се одвиваат две години и дека сега се исполнети и поволни предусловите за нејзиното издавање, а придобивки ќе имаат и државата и граѓаните и економијата.

„Од издавањето на граѓанската обврзница ќе имаат придобивки и граѓаните и државата и економијата. Граѓаните ќе имаат можност да ги инвестираат своите пари и да ја заштитат нивната вредност. Државата на тој начин ќе обезбеди финансирање по пониски стапки од она што е на меѓународните пазари, а средствата ќе бидат искористени за развојни проекти, што ќе има позитивно влијание и врз економијата“, потенцира министерот за финансии.

Идејата, додаде Бесими, е граѓаните да станат свесни за значењето на инвестирањето, бидејќи парите кои не се инвестираат во услови на инфлација ја губат вредноста.

Бесими додаде дека се очекува годинава да се емитуваат граѓански обврзници во износ од 50 милиони евра, а каматната стапка да биде повисока од онаа на депозитите во банките, но пониска од она што се задолжува државата на финансиските пазари.

Граѓаните, како што рече, ќе имаат поголема корист ако ја инвестираат готовината во државни обврзници, а депозитите да ги остават во банките.

„Со ова нудиме дополнителен финансиски инструмент, кој е дел од Стратегијата за развој на пазарот на капитал. Покрај граѓанската предвидени се и развојни, зелени и проектни обврзници. Сите се насочени кон обезбедување инвестиции за равојни проекти и повисоки стапки на економски раст“, рече Бесими.

Во Лисиче во јануари чист воздух се дишело само два дена

Екстремно високи вредности на ПМ 10 и ПМ 2,5 во воздухот и исклучително нездрава средина за живеење беа карактеристика и за овој месец јануари. Скопје постојано беше високо на листата на...

Осуммина осомничени за престрелката во Чаир во која загина едно лице, по тројца од нив сè уште се трага

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против шест лица поради учество во дејствија на кривични дела убиство и обид за убиство при престрелката која се случи ноќта...

Со концертни настапи се отвори новото медиумско јадро за независната музичка сцена – Стереолаб

Пред стотици поддржувачи на независната музичка сцена и со куси концертни настапи на неколкуте музички бендови, и на веќе докажани музичари и диџеи се отвори новото онлајн радио и медиумското јадро...

Децата во С. Македонија не примаат „секакви експериментални вакцини“, туку проверени и испитани

Не е точно дека децата во Македонија примаат „секакви експериментални“ вакцини, како што тоа сака да го прикаже објавата. Министерството за здравство на страницата за информации околу вакцините и задолжителната имунизација,...

Во Лисиче во јануари чист воздух се дишело само два дена

Екстремно високи вредности на ПМ 10 и ПМ 2,5 во воздухот и исклучително нездрава средина за живеење беа карактеристика и за овој месец јануари. Скопје постојано беше високо на...