fbpx

Во ТИРЗ Тетово потпишан договорот за државна помош за производство на електричните автомобили НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ

-

Владата на Република Северна Македонија, застапувана и претставувана од Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони и „НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ“, денеска во ТИРЗ Тетово потпишаа договор за државна помош за нова инвестиција, која предвидува целосно производство на електрични автомобили e.GO, соопшти владината служба за информирање.

Како што беше кажано на церемонијата, на која беше ставен камен-темелник за идната фабрика,, се очекува германската компанија за електрични автомобили e.GO да исплаќа просечна бруто плата од 1.340 евра.

„Денес ќе се постават темелите на инвестицијата која само во првата фаза тежи 130 милиони евра и ќе отвори најмалку 890 нови добро платени работни места.Со оваа значајна инвестиција, Северна Македонија уште еднаш потврдува дека е држава која нуди одлични услови за инвеститорите, со стабилна економска и политичка клима во која меѓународните компании како „НЕКСТЕ.Е.ГО“ имаат партнер од доверба. Она што особено ме радува е дека за прв пат, кај нас ќе биде произведен целосен автомобил. Во Северна Македонија и досега се произведуваа делови за автомобили од светските брендови, но сега имаме целосно производство на финален производ токму кај нас“, порача премиерот Димитар Ковачевски.

Тој нагласи дека оваа инвестиција му е посебно драга „не само затоа што ќе го промени на подобро животот на семејствата чии членови ќе работат тука, туку затоа што ќе го промени начинот на кој размислуваме за возилата“.

Ковачевски рече дека во Технолошко индустриските развојни зони, во првите шест месеци се постигнати договори за инвестиции во висина од 240 милиони евра, а потенцијално до крајот на годината се очекува затворање на уште два договори во висина од 160 милиони евра.

Премиерот порача дека само за еден месец во компаниите во зоните се отворени речиси 100 нови работни места, со што заклучно со јули, од почетокот на годинава во компаниите во ТИРЗ се реализирани над 1.100 нови работни места, а вкупниот број вработени во јули порасна и достигна над 15.000 вработени, што е за 6% повеќе споредено со јули минатата година, односно за 14,5% повеќе во однос на јули 2020 година.

На настанот се обрати и Али Везваеи, претседавач на бордот на компанијата e.GO.
„Овој договор е уште една клучна цел во стратегијата за глобален раст на e.GO и ја нагласува внатрешната вредност на нашата иновативна технологија и пристап. Навистина сме возбудени што ќе го прошириме нашиот производствен отпечаток во Република Северна Македонија, следејќи го нашиот напредок во Бугарија претходно оваа година. Нашиот стратешки фокус во Југоисточна Европа се заснова на нашето верување во конкурентниот екосистем на регионот, атрактивна инвестициска клима и пристап до поттикнат и талентиран човечки капитал“, порача Везваеи.

На свеченоста по повод склучувањето на договорот, говореше и министерот за финансии Фатмир Бесими.

Освен него, говореше и министерот за економија Крешник Бектеши.

Според директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Јован Деспотовски, само од почетокот на годинава се постигнати договори за инвестиции со обем од 370 милиони евра.

„Со вакво темпо очекувам до крајот на годинава да ја достигнеме границата од половина милијарда“, нагласи тој, велејќи дека се очекувам германската компанија за електрични автомобили e.GO да исплаќа просечна бруто плата од 1.340 евра.

„Ме прашуваат зошто Тетово? А зошто да не, и Тетово е Северна Македонија. И нема да ги делиме луѓето на наши и ваши, сите се наши. Но за мене клучното прашање гласи дали сакаме нашите деца да земаат три пати поголеми плати и да живеат во напредно општество или да бележиме рекорди на иселување. Со ваквите проекти им обезбедуваме иднина дома“, нагласи тој.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...