понеделник, 20 април, 2026
Meta.mk

Ознака: електрични автомобили | 24 резултати

Вистиномер: Државата нема да инвестира 100 милиони евра за фабриката во Тетово

август 20, 2022

Постот  шири невистини дека  државата со свои 100 милиони евра ќе ја прави фабриката за електрични автомобили во Тетово. Според  тоа што беше официјално соопштено, сè уште не се знае точно колку пари ќе даде државата за инвестицијата вредна 130 милиони евра. Тоа ќе зависи од многу услови, но, сумата нема да биде повеќе од […]

Покрај во Македонија, e-go ја започна изградбата на фабрика за електрични возила и во Бугарија

август 17, 2022

Само неколку дена откако во ТИРЗ Тетово беше поставен камен-темелникот за новата фабрика за електрични автомобили од марката e-go, германската компанија денеска соопшти дека започнала изведба и на новата фабрика за електрични автомобили во бугарскиот град Ловеч, јавува Дневник.бг. Новата фабрика ќе биде лоцирана до бившиот завод „Балкан“ во Ловеч, каде во минатото се произведувале […]

Во ТИРЗ Тетово потпишан договорот за државна помош за производство на електричните автомобили НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ

август 13, 2022

Владата на Република Северна Македонија, застапувана и претставувана од Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони и „НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ“, денеска во ТИРЗ Тетово потпишаа договор за државна помош за нова инвестиција, која предвидува целосно производство на електрични автомобили e.GO, соопшти владината служба за информирање. Како што беше кажано на церемонијата, на која беше ставен камен-темелник за […]

Електричните возила e-go ќе се произведуваат во Тетово

август 11, 2022

Владата на денешната седница донесе Одлука за давање согласност на Договорот за доделување на државна помош склучен помеѓу Владата на Република Северна Македонија, застапувана и претставувана од Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони и „НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ”. Со мултимилионска инвестиција од НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ СЕ, Ахен, Германија во ТИРЗ Тетово е планирано да се произведуваат електричните возила […]

Британските научници тврдат: Потребни ни се пресвртни точки за да се справиме со климатските промени

февруари 11, 2022

Воведените субвенции и масовното пуштањето во употреба на енергетски објекти брзо ги намалија трошоците за производство на енергија од сонцето и ветерот, исто како што масовното прифаќање на електричните автомобили се забрзува и доведува до нивно поевтинување. На светот му се потребни вакви пресвртни точки за да може да се справи со климатските промени, тврдат […]

За првпат во историјата, во Европа електричните автомобили повеќе продавани од дизелашите

јануари 24, 2022

Во Европа во текот на декември 2021 година се продадени повеќе електрични автомобили во споредба со дизелашите, пишува Фајненшел Тајмс. Станува збор за историски резултат, којшто е силно поддржан од субвенции од владите и законските ограничувања за возилата што испуштаат штетни материи во воздухот. Повеќе од една петтина од продадените автомобили во 18 европски земји, […]

Такси компанија од Париз ги исклучи од сообраќај возилата на „Тесла“ поради сообраќајка

декември 15, 2021

Најголемата такси компанија во Париз „Г7“ ги исклучи од сообраќај автомобилите од марката „Тесла модел 3“ откако во саботата едно од нивните возила учествуваше во сообраќајна несреќа, јавува весникот „Гардијан“. Во сообраќајката едно лице го загуби животот, а 20 лица биле повредени. Обвинителството во Париз отвори истрага за несреќата, додека такси компанијата објави дека ќе […]

Новите домови во Англија од догодина ќе мора да имаат полначи за електрични автомобили

ноември 23, 2021

Новоизградените домови и згради во Англија со закон ќе бидат обврзани да инсталираат полначи за електрични возила почнувајќи од следната година, најави премиерот Борис Џонсон, а пренесе „Би-би-си“. Новиот закон ги опфаќа и новоизградените супермаркети, објектите на компании и зградите кои ќе подлежат на големо реновирање. Со ова, британските власти очекуваат секоја година да бидат […]

За електричните автомобили и хибридите не секаде има бесплатен паркинг во земјава

октомври 3, 2021

Сопствениците на електрични и хибридни возила во земјава не секаде може да го остварат правото на бесплатен паркинг. Иако овие возила имаат минимално учество во загадувањето на воздухот, општинските власти имаат различни аршини во однос на давањето поволности за нив. Инаку, токму транспортот се наоѓа на второто место помеѓу главните причинители на аерозагадувањето во македонските […]

„Тесла“ ќе го отвори првиот продажен салон во Хрватска

септември 16, 2021

Најголемиот светски производител на електрични автомобили „Тесла Моторс“, наскоро во Хрватска ќе го отвори првиот продажен салон во земјата, известува „Јутарњи лист“. Откако во ноември минатата година во загрепскиот трговски центар „Avenue Mall“ го отвори својот прв изложбен салон, наскоро во „Загрепчанка“ ќе се отвори и првиот комплетен продажен салон во Хрватска. Во салонскиот простор […]

Од 2035 година ЕУ воведува данок на CO2 и забранува продажба на возила со дизел и бензински мотори

јули 19, 2021

Европската комисија минатата недела го усвои пакетот од предлог закони што ќе предизвикаат намалување на емисијата на стакленички гасови на ниво на ЕУ за 55 проценти до 2030 година, споредено со емисиите од 1990 година. Предлозите се однесуваат на климатските промени, енергетиката, користењето на земјиштето и земјоделството, транспортот и политиката на оданочувањето, се наведува во […]

Увозот на електрични автомобили во последните четири години во земјава рамен на статистичка грешка [инфографик]

февруари 8, 2021

Сите зборуваат за електрични автомобили во земјава, но ретко кој вози еден таков автомобил по македонските патишта. Според податоците до кои дојде „Мета.мк“ од Царинската управа, во Македонија досега биле увезени 3.345 хибридни автомобили и само 134 електрични автомобили. Учеството на новите и половните електрични автомобили што се увезени во земјава од 2017 до 2020 […]

Продажбата на електрични возила во светот лани била зголемена за 43 отсто

јануари 23, 2021

Глобален пресврт во продажбата на електрични автомобили во светот може да се очекува наскоро, заедно со падот на цените на батериите за овие возила. Во 2020 година продажбата на електрични возила на меѓународно ниво се зголемила за 43 отсто, пишува „Гардијан“.  Најдалеку во купувањето на електрични автомобили лани отиде Норвешка, каде уделот на овие возила […]

Норвешка урива рекорди, лани 54,3 отсто од продадените автомобили биле електрични

јануари 6, 2021

Норвешка е првата земја во светот која што успеа во текот на една година да продаде повеќе електрични автомобили во споредба со возилата што сообраќаат на бензин, дизел и хибридни возила заедно. Лани дури 54,3 отсто од сите продадени автомобили во Норвешка биле на електричен погон на батерии, што претставува светски рекорд и претставува зголемување […]

Наместо стимулирање на набавка нови возила и премин на плин на половните, државата презема спротивни мерки

декември 30, 2020

Не постојат субвенции за граѓаните за набавка на електрични или хибридни возила во државниот буџет за 2021 година, средствата за субвенционирање за вградувањето на уреди за плин во старите возила се проектирани на само 210.000 евра за наредните 12 месеци, еколошките налепници за возилата не профункционираа ниту оваа зимска сезона, а не постои ниту рок […]

Хонда нема да продава бензин и дизел-возила во Европа после 2022 година

декември 7, 2020

Јапонскиот производител на автомобили „Хонда“ (Honda Motor Company) има за цел да ги исфрли од продажба моторите со внатрешно согорување од Европа до крајот на 2022 година, потврди потпретседателот на компанијата, Јан Хауелс. „Хонда“ уште минатата година соопшти дека започнува со електрификација на возилата, со што најави дека ги остава бензин и дизел – моторите […]

Бизнис-заедницата со идеи за намалување на загадувањето

февруари 7, 2019

Здружена акција на приватниот и јавниот сектор за побрза транзиција и замена на старите возила со електричини чија мисија на јаглерод диоксид е нула проценти, итно справување со нелегалните бизниси за отпад, како и промовирање на стандардот за пасивни куќи кој претставува највисок енергетски стандард и ја намалува потрошувачката на енергија за греење до неверојатни […]

Анѓушев на „Самит 100“: Треба да се поттикнат граѓаните да користат електрични автомобили

октомври 16, 2017

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, обраќајќи се на „Самитот 100“, на панел-дискусијата „Е-концепт за забрзување на порастот базиран на поврзувањето“, рече дека земјите во Југоисточна Европа може во Македонија да гледаат сигурен партнер и добар сосед и нагласи дека Владата ќе прави напори да одржува одлична соработка на сите полиња со соседните земји, како […]

Груевски – лидер и експерт за електрични автомобили, двоседи, акумулатори и полначи

септември 26, 2016

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во Музејот на македонската борба за државност и самостојност, објави нови мерки од областа на автомобилизмот и на заштита на животна средина и во детали говореше за карактеристиките на електричните автомобили. Груевски за автомобилите: – Постојат различни видови на електрични автомобили, а тенденцијата е зголемување на нивниот капацитет, односно капацитетот […]

Манчевски: Груевски прв да го замени „мерцедесот“ од 600.000 евра со електричен автомобил

септември 26, 2016

Ако обвинетиот Груевски навистина веруваше во електрични автомобили и самиот ќе нарачаше еден наместо да нарачува луксузни „мерцедеси“ од 600.000 евра, вели потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, како реакција на најавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, за нови мерки во областа на автомобилизмот и заштита на животната средина. – Доцна е Груевски да ветува […]

Страна 1 од 1