fbpx

Ребалансот на буџетот обезбедува повисоки плати за наставниците и пензии за пензионерите

-

Владата го усвои ребалансот на Буџетот со што се обезбедија средства за покачување на пензиите на пензионерите, на платите за наставниците, за субвенциите кои се даваат по покачувањето на минималната плата во јавниот и во приватниот сектор, како и повеќе средства за социјални надоместоци и субвенции за гарантиран минимален приход.

Министерот за финансии Фатмир Бесими, на денешната прес конференција, информираше дека овој ребаланс е соодветен и навремен фискален одговор на тековните глобални случувања. Со него се обезбедуваат дополнителни 76 милиони евра за мерки за заштита на стандарот на граѓаните и поддршка на стопанството, како и дополнителни 52 милиони евра за субвенции за земјоделците

„Ова е ребаланс за целосно заздравување на економијата од пандемијата. Ребаланс за поддршка на граѓаните и фирмите во екот на глобалната ценовната и енергетска криза“, рече Бесими.

Прогнозите за раст на македонската економија со ребалансот се намалуваат на 3,2 отсто, што е намалување за 1,4 процентни поени во однос на 4,6 отсто, колку што се прогнозираше при креирањето на буџетот за годинава. Што се однесува до инфлацијата, се очекува да изнесува 7,2 отсто, што значи интензивирање на порастот на цените во однос на минатата година. Сепак, посочи Бесими, се очекува инфлацијата да се стабилизира во следната година.

Според Бесими, годинава се очекува раст на побарувачката за работна сила, односно растот на бројот на вработени е проектиран на 1,6 проценти, што ќе придонесе просечната стапка на вработеност да се зголеми на 47,9 проценти, додека стапката на невработеност да се намали на 14,5 проценти. Просечната нето-плата се очекува да расте со проекција од 11 проценти за годинава, во услови на покачување на минималната плата за 18,4 отсто во март како и зголемувањето на платите во образованието.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(АНАЛИЗА) Наплата на даноци и трошоци за плати и комуналии во 2023: Струга, Тетово, Чаир и Скопје

„Договорни услуги“ во износ од стотици илјади евра, платите и придонесите доминантна трошковна ставка во буџетите на локалните власти. Во второто продолжение на „Анализа“ се претставуваат податоци за приходите...