fbpx

Четири лица убиени во масовно пукање во градот Филаделфија

Четири лица биле застрелани во Филаделфија. Дополнително, две деца биле повредени. Осомничениот напаѓач е во притвор

-

Четири лица биле убиени во пукањето што се случило во Филаделфија, главниот град на американската сојузна држава Пенсилванија, извести полицијата. Три од четирите жртви имале меѓу 20 и 59 години, а четвртата жртва имала меѓу 16 и 21 година, пишува Би-би-си.

Дополнително, полицијата извести дека две деца на двегодишна и 13-годишна возраст, биле повредени во пукањето. По примањето во болница, тие се во стабилна здравствена состојба.

Осомничениот напаѓач е во притвор, а пронајдено е и оружјето со кое пукал. Според податоци од полицијата, се смета дека тој има околу 40 години, а за време на нападот носел панцир и имал повеќе шаржери и континуирано пукал додека полицијата го гонела. Засега не се познати неговите мотиви.

Уште едно лице е приведено, за кое се смета дека пукал во правецот на напаѓачот.

Овој напад се случи само еден ден по пукањето во Балтимор, во сојузната држава Мериленд, каде починаа две лица и 28 лица биле повредени, од кои половина биле деца.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Турција ја прекина трговијата со Израел поради „хуманитарната трагедија“ во Газа

Турските власти ги прекинаа трговските односи со Израел, а турското Министерство за трговија соопшти дека мерките ќе траат се додека Израел не дозволи „непрекинат проток“ на помош во Газа, пишува...