fbpx

(ВИДЕО) Разбиена криминалната група од Грчец осомничена за убиства и шверц на кокаин

Полицијата соопшти дека разбиена е меѓународна организирана криминална група чии членови биле инволвирани во организираше набавка на кокаин од земји од Јужна Америка, а осомничени се и за убиства извршени на територијата на Северна Македонија. Станува збор за три убиства и еден обид за убиство

-

Полицијата соопшти дека разбиена е меѓународна организирана криминална група чии членови биле инволвирани во организираше набавка на кокаин од земји од Јужна Америка, а осомничени се и за убиства извршени на територијата на Северна Македонија. Станува збор за три убиства и еден обид за убиство.

Истрагата, како што соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски била водена од Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи и АНБ, под раководство на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција Скопје, а со поддршка на Европол и Заедничкиот истражен тим LIMIT од земјите членки, Франција, Белгија и Холандија.

Според досегашните сознанија, од декември 2019 до март 2021 година, пријавениот Ш.М. (46) од с.Грчец, заедно уште две лица, сега починатите О.Б. и Ј.К., организирале криминална група, чии припадници станале повеќе лица.

Организираната криминална група била формирана со цел вршење на кривични дела убиство од безобзирна одмазда и по порачка од користољубие, при што лицата организатори на истата донесувале одлуки и создавале планови за тоа кој, кога, каде и на кој начин да биде убиен, а своите одлуки и планови ги спроведувале лично или преку припадниците на организираната криминална група.

„Исто така, оваа организирана криминална група која делувала на меѓународно ниво организирала набавка на наркотична дрога кокаин од земјите на Јужна Америка, пред сè Колумбија, Еквадор, Бразил, Перу и Боливија, нејзино пренесување до земјите на Европската унија, а дел бил наменет за наркопазарот во Република Северна Македонија“, соопшти Спасовски.

Оваа криминална група плановите и договорите за извршување на делата ги правела преку непосредни контакти или со користење на енкриптирани телефони во кои била инсталирана апликацијата „SKY“.

Од досега спроведените мерки е утврдено и документирано дека оваа организирана криминална група, во горенаведениот временски период, организирала две набавки и транспорти на кокаин од латиноамериканските држави до земјите од Европска унија и Република Северна Македонија.

„Станува збор за транспорт на 435 килограми наркотична дрога кокаин набавен од групата во Бразил, Јужна Америка, и транспортиран по воден пат до пристаништето до Антверпен, Кралството Белгија, која количина е запленета од страна на царинските службеници во Антверпен, при што дел од наведената количина требало да заврши на нелегалниот пазар во Република Северна Македонија. Вториот случај е транспорт на 106 килограми наркотична дрога кокаин кој пристигнал од Перу до Ротердам, Холандија, а по пристигнувањето во пристаништето во Ротердам дел требало да биде пренесен во Република Северна Македонија“, рече Спасовски.

Организираната криминална група организирала и неколку транспорти на кокаин од Белгија во РСМ, како и од Албанија во Република Северна Македонија.

Според досегашната истрага, групата од Грчец која дејствувала не само на национално ниво, туку и на меѓународно ниво, и како резултат на нивните криминални активности поврзани со недозволена трговија со наркотична дрога се стекнале со значителни финансиски средства кои ги инвестирале во изградба на луксузни куќи, купување на недвижности и изградба на луксузни угостителски објекти, кои ќе бидат предмет на финансиски истраги со цел нивна конфискација.

Според истрагата, обезбедени се докази дека организаторот на криминалната група Ш.М., заедно со членовите на групата организирале и извршиле обид за убиство на лице од с.Бардовци, убиство на албански државјанин чие тело беше пронајдено на 15 мај 2020 година во с.Горна Матка, Скопје и двојното убиство на 5 март 2021 година, кога во Скопје беа убиени А.Б. и Б.В..

„На овој начин лицата организатори и членови на групата извршиле повеќе кривични дела предвидени и казниви согласно Кривичниот Законик, а се работи за кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори, убиства и обид за убиство, за што во текот на денешниот ден до ОЈО за ГОКК ќе биде поднесена кривична пријава против 16 лица и тоа Ш.М. (46), Д.И.(50), Ф.Б. (45), Б.А. (44), Р.С. (41), С.А. (44), М.Ч. (27), С.С. (36), Ш.А. (27), Ш.Б. (20), Н.И. (44), Е.И.(25), Ф.С. (43), Ш.С. (40), М.Д. (41) и О.П. (43)“, рече министерот Спасовски.

Како резултат на денешните активности и извршени претреси на 20 локации во Скопје, с. Грчец и други места, шестмина од пријавените лица се уапсени, дел од пријавените лица подолг период престојуваат надвор од земјава, додека едно лице Р.С. (42) е веќе лишено од слобода во Шпанија. При претресите запленети се голема сума на пари, луксузни автомобили итн.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...