fbpx

МВР објави детали за меѓународните потерници за осуммина членови на криминална банда

Криминалната група пренесувала кокаин од Јужна Америка во Европа и Северна Македонија и вршела убиства и одмазда, изјави тоа време тогашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски

-

Убиство, формирање на криминална група и трговија со дрога. Ова се кривичните дела за кои полицијата со меѓународна потерница трага по Шевал Муареми, водач на таканаречената група од „Грчец“, кој на крајот на јануари беше мета на органите на прогонот. Во акцијата се уапсени вкупно шест лица, а Муареми по уште седуммина, плицијата трага. Меѓу бараните има и членови на криминалната група „Дуќанџик“, кои инаку се сојузници на групата од „Грчец“, пишува Порталб.мк.

Со меѓународна потерница се бара Шеваљ Мухареми, Мехмед Далипи, Мухамед Чајани, Сефедин Сулејмани, Шакир Бајрами, Дритон Ибиши, Шукри Асани и Бесим Асани.

Муареми, кој како што потврди обвинителот Ислам Абази, се наоѓа во Дубаи, се бара за 3 тешки криминални дела – убиство, формирање на криминална група и трговија со дрога. Неофицијалниот заменик на Муареми, Мехмед Далипи инаку познат како Руди, се бара за убиство и формирање на криминална група. Другите петмина се бараат за трговија со дрога.

Во потерниците, МВР дало и опис на нивните податоци и делата за кои се бараат:

  • Шеваљ Муареми, татко Азби мајка Азбије род.18.11.1977 год. во Скопје, живее на ул „5“ бр.1 с. Грче,ц општина Сарај. Се бара по распишана меѓународна потерница од ОЈО за ГОКК-Скопје со Наредба КО БР.15/24 од 30.01.2024 год . Лицето е под истрага за сторено кривично дело по чл.123 ст.2 (убиство), чл.394 ст.3 (формирање на криминална група) и чл.215 ст.3 (трговија со дрога) од КЗ на РСМ.
  • Мехмед Далипи татко Исљам мајка Саиде род.12.01.1982 год. во Скопје каде и живее на ул. „Дижонска“ бр.11/Б, Чаир. Се бара по распишана меѓународна потерница од ОЈО за ГОКК-Скопје со Наредба КО БР.15/24 од 30.01.2024 год. Лицето е под истрага за сторено кривично дело по чл. 123 ст.2 (убиство) в.в чл.19 и чл. 394 ст.3 (формирање на криминална група) од КЗ на РСМ.
  • Mухамед Чајани татко Фатмир мајка Наиље род.23.10.1996 год. во Скопје, каде и живее на ул. „Жртвите на Блаце“ бр.4, Чаир. Се бара по распишана меѓународна потерница од ОЈО за ГОКК-Скопје со Наредба КО БР.15/24 од 30.01.2024 год .Лицето е под истрага за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 (трговија со дрога) од КЗ на РСМ.
  • Сефедин Сулејмани татко Абедин мајка Хабибе род. 09.03.1987 год. во Скопје, живее на ул „2“ бр.9/А с. Арнакија општина Сарај. Се бара по распишана меѓународна потерница од ОЈО за ГОКК-Скопје со Наредба КО БР.15/24 од 30.01.2024 год. Лицето е под истрага за сторено кривично дело по чл. 215 ст.3 (трговија со дрога) од КЗ на РСМ.
  • Шакир Бајрами, татко Сали мајка Нерџиван род. 12.07.2003 год. во Скопје каде и живее на ул „Хоџа А.Куртиши Ата“ бр.96, Чаир. Се бара по распишана меѓународна потерница од ОЈО за ГОКК-Скопје со Наредба КО БР.15/24 од 30.01.2024 год. Лицето е под истрага за сторено кривично дело по чл. 215 ст.3 (трговија со дрога) од КЗ на РСМ.
  • Дритон Ибиши татко Џемаиљ мајка Шинѓиле род.03.04.1973 год. во Скопје каде и живее на ул. „Смилевска“ бр.10/А, Ѓорче Петров. Се бара по распишана меѓународна потерница од ОЈО за ГОКК-Скопје со Наредба КО БР.15/24 од 30.01.2024 год. Лицето е под истрага за сторено кривично дело по чл. 215 ст.3 (трговија со дрога) од КЗ на РСМ.
  • Шукри Асани татко Азир мајка Руфије род.13.05.1996 год. во Скопје каде и живее на ул. „3“ бр.27, Сарај. Се бара по распишана меѓународна потерница од ОЈО за ГОКК-Скопје со Наредба КО БР.15/24 од 30.01.2024 год .Лицето е под истрага за сторено кривично дело по чл. 215 ст.3 (трговија со дрога) од КЗ на РСМ.
  • Бесим Асани татко Нефаил мајка Вахиде род.29.09.1979 год. во Скопје каде и живее на ул. „Хусеин Бајрам бр.21, Чаир. Се бара по распишана меѓународна потерница од ОЈО за ГОКК-Скопје со Наредба КО БР.15/24 од 30.01.2024 год. Лицето е под истрага за сторено кривично дело по чл. 215 ст.3 (трговија со дрога) од КЗ на РСМ.

30 дена притвор за пет од шестмината уапсени од Грчец

На 26 jaнуари, Кривичниот суд во Скопје им одреди мерка притвор на пет лица од шестемината уапсени во акцијата на МВР, во која, како што истакнаа од МВР, беше разбиена една криминална група од скопското село Грчец.

„Прифатен е предлогот на ОЈО за организиран криминал и корупција и на Ш.Б., Ф.Б., Н.И., Ф.С. и С.А. им определи мерка притвор во траење од 30 дена, додека за О.П. го прифати предлогот за определување мерки за претпазливост, односно одземање на патната исправа и забрана за издавање нова, забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето и обврска за јавување во суд – се наведува во соопштението на Кривичниот суд во Скопје.

Исто така, судот го прифатил предлогот и им определил притвор и на останатите 10 лица опфатени со истрагата, а кои во моментов не им се достапни на органите на прогонот.

Криминалната група пренесувала кокаин од Јужна Америка во Европа и Северна Македонија и вршела убиства и одмазда, изјави тоа време министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

„Тие имаа планови кој и каде ќе биде убиен. Оваа група дејствувала на меѓународно ниво и организирала набавка на кокаин од Јужна Америка, која потоа се транспортирала во Европа, а еден дел во земјава. Користеле шифрирана комуникација преку апликацијата СКАЈ, која практично не може да се следи“, изјави Спасовски.

Војна меѓу бандите

Убиството на Јетон Кривањева – Жила и Eнес Исени пред една година во еден локал во Скопската Чаршија и убиството на Oрхан Бајрами – Оки во Грција, ја воскресна војната меѓу бандите во Скопје за тоа кој ќе ја контролира трговијата со дрога.

На почеток на јануари 2024 година, грчката полиција извести дека го пронашла убиецот на Орхан Бајрами – Оки. Според нив, извршител е Гани Туша, кој во моментов е во притвор во Скопје, како осомничен за учество во убиството на Кривањева и Жила.
Месец и пол по ова известување, на 27 февруари, во скопско Блаце е убиен таткото на Гани Туша. Исто така, подметнат е пожар во кафе барот „Барон“, кој е во сопственост на групата „Барон“, која е во сојуз со групата Беланоца, а во ривалство со Грчец и Дуќанџик.

Во меѓувреме на социјалната мрежа Тикток се води отворена војна со заканувачки зборови меѓу членовите на двете групи.

Водачот на бандата Беланоца од Апелациониот суд е осуден на вкупно 11 години затвор за трговија со дрога.

Ривалството меѓу криминалните групи започна во 2010 година, кога „црната хроника“ почна да се полни со инциденти, убиства и бомбашки напади меѓу поделените кланови.

Судирите се интензивираа кога во ноември 2013 година во неговата чајџилница „Те Џела“ во Ченто беше убиен 46-годишниот Џелал Ајети. Нападот врз него е сличен на оној од 6 март. Убиецот, маскиран и вооружен, влегол во чајџилницата и со 30 куршуми го убил Ајети. Во тоа време Ајети беше познат лихвар и влијателна личност во нарко подземјето.

Претходно, во 2005 година, од прострелна рана почина и неговиот брат Неџмедин, додека пак во септември 2018 година на улица „Рузвелтова“ во Скопје беше убиен и неговиот брат Наим Беланоца.

Со ова во нарко подземјето се смета дека групата „Беланоца“ го загубила приматот на пазарот со наркотици. Но, во 2019 година следуваше еден нов судир, кога пет маскирани лица излегле од возило и пукале кон ресторанот во хотелот „Александар Палас”, каде што престојувале ривалите на групата „Беланоца“.

При нападот во „Александар Палас“, полицаец кој бил во цивилна облека и седел на масата заедно со групата спречил нападот да биде фатален. Тој го извадил службениот пиштол и пукал кон напаѓачите. Случајот не беше решен.

Напаѓачите заминале со џип „Туарег“ на кој биле ставени украдени регистерски таблички, а изгореното возило полицијата го пронашла на периферијата на Скопје. Овој судир се претпоставуваше дека е направен за власт на пазарот на кокаин.

Во нападнатата група, покрај Кривањева беше и Kaмер Идризи кој беше убиен на 21 мај 2021 година, при еден обид за убиство додека се движел со возило. Една година потоа двајца напаѓачи вооружени со автоматски пушки влегле во чајџилницата на улица „Браќа Реџепагич“ во близина на основното училиште „Имри Елези“ во скопско Чаир и го убиле Јонуз Идризи, братот на Камер.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...