Полицијата кај Неготино пресече шверц на 100 килограми марихуана

Запленетата марихуана најверојатно потекнува од фабрика за производство на масло од канабис за медицински цели

-

Во автомобил „мерцедес“ пресретнат на автопатот Скопје-Гевгелија во Неготино полицијата вчеравечер запленила околу 100 килограми марихуана што требало да биде прошверцувана. На откривањето на дрогата претходела бркотница.

Според официјалното соопштение на Министерството за внатрешни работи (МВР), дрогата најверојатно потекнува од фабрика за масло од канабис (марихуана), а „на улица“ би достигнала вредност од 300.000 евра.

Според соопштението, сообраќајни полицајци од Неготино во соработка со Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје и Одделот за криминалистичка полиција –за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи ги уапсиле Б.А.(37) од с.Буковиќ, М.А.(21) од с.Копаница и Н.А.(18) од с.Буковиќ.

Дрогата била откриена во Неготино. Околу 20 часот на булеварот „Маршал Тито“ во Неготино, полициски службеници дале наредба за запирање на „шкода октавија“ со скопски таблички, но возилото не застанало.

Веднаш потоа бил запрен автомобил „мерцедес“, чиј возач се обидел да избега. но набргу бил фатен. Потоа, при прегледот била пронајдена дрогата. Во четири патни торби се пронајдени околу 100 килограми висококвалитетна марихуана во вредност од околу 300.000 евра, која најверојатно потекнува од фабрика за производство на масло од канабис за медицински цели.

Набргу полицијата го лоцирала и сопрела автомобилот што прв требало да биде сопрен, „шкода октавија“, кое го управувал М.А., а совозач бил Н.А., а играло улога на претходница на „мерцедесот“.

Подоцна, со судска наредба, биле извршени претреси во домовите на приведените лица, при што кај М.А. биле пронајдени и одземени два пиштола, кои ги поседувал без дозвола, соопшти Сузана Прањиќ Талевска од МВР.

Од пронајдената марихуана би се произвело масло од канабис вредно 600.000 евра, уточни портпаролката на МВР.

Владата ќе ги оценува медиумите и новинарите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Владата преку тендер бара фирма која ќе треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание, со претходен мониторинг на сите медиуми, вклучувајќи и онлајн и печатени медиуми, како и социјалните...

Новото аниме од серијалот Вичер насловено „The Witcher Sirens of the Deep“

Нетлфикс неодамна го издадоа новиот аниме серијал од универзумот на „The Witcher“ со наслов „The Witcher Sirens of the Deep“, коешто не се сложува целосно со приказните од книгите. Имено, анимето е...

Трошоците на градоначалниците од Полошкиот регион: Над 47 илјади евра за патни трошоци и службени патувања за само три години

Градоначалниците на општините од Полошкиот регион од 2022 до 2024 година за патни трошоци (гориво, патарини) и службени патувања потрошиле вкупно 2.946.717 денари или над 47 илјади евра. Порталб.мк преку Законот...

МВР го приведе, па го пушти на слобода насилникот кој крвнички тепаше жена

Откако стана вирално видеото на кое се гледа и слуша како маж на лајв стрим на ТикТок тепа жена, Министерството за внатрешни работи го приведе насилникот, за кој е потврдено дека...

Владата ќе ги оценува медиумите и новинарите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Владата преку тендер бара фирма која ќе треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание, со претходен мониторинг на сите медиуми, вклучувајќи и онлајн и печатени медиуми, како...