Пет навивачи приведени на вчерашното кошаркарско дерби меѓу Работнички и МЗТ

Еден малолетник е приведен поради физички напад врз полицаец, додека четворица биле уапсени поради недостојно однесување на спортски натпревар

-

Вчерашното кошаркарско дерби меѓу МЗТ-Скопје и Работнички во спортската сала „Кале“ во Скопје им создаде полни раце работа на полициските службеници. Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека пет навивачи биле приведени, од кои еден бил малолетник што агресивно се однесувал кон полицајци и физички нападнал еден од нив додека полицаецот извршувал службени дејствија.

Четири други лица се приведени поради недостојно однесување на кошаркарскиот натпревар што се одржа во Скопје, а за сите нив по документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок од МВР.

„На 21.10.2023 во 20.00 часот во Спортско рекреативниот центар „Кале“, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје, поради тоа што за време на одржување на кошаркарски натпревар агресивно се однесувал кон полициските службеници, а потоа физички нападнал еден од нив додека извршувал службени дејствија. Исто така, за време на кошаркарскиот натпревар биле приведени и С.С.(37), М.Д.(34), Л.Л.(21), Л.Г.(19) и А.К.(21), сите од Скопје, поради непочитување на Законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари“, информираат од МВР.

Еврокомесарката за проширување Марта Кос смета дека Македонија и Косово се тажни приказни

Регионот во некои аспекти пред 20 години беше во подобра состојба отколку денес. Македонија и Косово се тажни приказни во однос на евро-интеграциите. Вака евро-комесарката за проширување, Марта Кос, во интервју...

Министерот Тошковски се сретна со семејствата на загинатите во пожарот во „Пулс“

Во Министерството за внатрешни работи денеска се одржа средба меѓу министерот Панче Тошковски и семејствата настраданите во пожарот што избувна во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025 година кога...

По протестот на семејствата на жртвите од Кочани, обвинителството со отворен повик до јавноста

Еден и пол месец по трагедијата во импровизираната дискотека „Пулс“ во Кочани во која загнаа 62 главно млади лица, и по средбата со семејствата на загинатите на денешниот протестен марш во...

„Системот убива, институциите молчат“ – протестен марш на семејствата на жртвите од Кочани

Со транспаренти на кои пишуваше „Ги изгоревте децата со вашата алчност и негрижа“, „Селективна одговорност е неодговорност, бараме правда!“, „Не умираме од несреќи, умираме од корупција“ и „Системот убива, институциите молчат“,...

Еврокомесарката за проширување Марта Кос смета дека Македонија и Косово се тажни приказни

Регионот во некои аспекти пред 20 години беше во подобра состојба отколку денес. Македонија и Косово се тажни приказни во однос на евро-интеграциите. Вака евро-комесарката за проширување, Марта Кос,...