fbpx

Курти со „предлог“ за северот на Косово, во Косовска Митровица станува тензично

Во меѓувреме, стана тензично во Косовска Митровица, каде по апсењето на еден Србин, засвиреа сирените во северниот, српски дел на градот и граѓани почнаа да излегуваат на улиците

-

Премиерот на Косово, Албин Курти, појасни дека денеска на меѓународните претставници им предал свој предлог од пет точки за решавање на ситуацијата на северот на Косово, меѓу кои и распишување вонредни локални избори таму, како што бараше ЕУ и меѓународната заедница, јавуваат српските медиуми.

Сепак, како прва точка, односно услов, тој наведува спроведување на законот во четирите општини со српско мнозинство на северот на Косово, како и идентификување и кривично гонење на оние што ги нападнаа полицијата, припадниците на КФОР и новинарите во немирите.

ЕУ ги повика Косово и Србија на деескалација, се закани со решителни мерки

Во меѓувреме, стана тензично во Косовска Митровица, каде по апсењето на еден Србин, засвиреа сирените во северниот, српски дел на градот и граѓани почнаа да излегуваат на улиците, јави Радио телевизија Србија. Според информациите, уапсен е еден од учесниците во нападот на припадниците на КФОР во Звечан.

Следната од точките на „предлогот“ на Курти, соопштени на прес-конференција е „криминалните групи да се повлечат од северот на Косово и да се запрат нивните криминални активности.

Косовскиот премиер предлага и косовската полиција, КФОР и ЕУЛЕКС на секои 15 дена да вршат заеднички безбедносни проценки.

Четвртата точка подразбира да се распишат вонредни локални избори во сите четири општини на северот, во „слободна и демократска атмосфера“.

Курти предлага и Приштина и Белград „веднаш да се вратат на дијалогот“.

Ескобар: Тензиите на Косово се резултат на несоработката на Приштина со меѓународната заедница

Во однос на предлогот на албанскиот премиер Еди Рама, кој излезе со нацрт-статут на Заедница на српските општини на Косово, Курти денеска му порача дека наместо тоа требало да излезе со предлог за албанското малцинство во Србија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...