На 31 март немало оружен грабеж кај Скопјанка

Набрзо се покажа дека информацијата е погрешна, дека немало вооружен грабеж во Скопјанка.  Тој ден МВР на посочената локација спроведувало истражни активности кои не се поврзани со грабеж, пишува „Вистиномер“

-

Веста за  грабежот што наводно се случил минатиот петок кај Скопјанка, се темелеше на сведоштво и фотографија од неименуван очевидец, читател на порталот што ја пласираше веста. Но, набрзо се покажа дека информацијата е погрешна, дека немало оружен грабеж во Скопјанка.  Тој ден МВР на посочената локација спроведувало истражни активности кои не се поврзани со грабеж, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

На 31 март поголем број медиуми објавија дека во Аеродром кај Скопјанка се случил вооружен грабеж. Во сите објави се тврдеше дека оружениот грабеж се случил на локацијата Порта Аеродром спроти Скопјанка, а напаѓачите наводно носеле маски и биле вооружени.

Потоа дезинформациите беа пренесени и во постови на социјалната мрежа Фејсбук, како на пример овде, овде, овде и овде.

Истиот ден неколку часа претходно, имаше и други кривично правни настани од висок интерес, како на пример убиство во казино во Карпош со автоматско оружје, па затоа и веста за оружен грабеж кај Скопјанка во Аеродром, дополнително се доживеа подраматично од страна на веќе вознемирената јавност.

Првата објавена вест се темелеше на сведоштво и фотографија од неименуван очевидец читател на портал и беше пласирана со наслов:

НАЈНОВА ВЕСТ: ВО МОМЕНТОВ СЕ ОДВИВА ГОЛЕМ ГРАБЕЖ КАЈ СКОПЈАНКА – напаѓачите се со хируршки маски

Но, оваа информација не беше точна.

Од МВР за Вистиномер изјвија дека не е точно оти кај Скопјанка имало оружен грабеж на посочениот датум. Точно е дека полицијата спроведувала активности на таа локација, но тоа биле активности кои се истражни и не може да се споделуваат со јавноста во оваа фаза, но дефинитивно немало хируршки маски и немало грабеж.

И покрај тоа што локацијата е во Скопје на проминентно место, што ја прави информацијата исклучително проверлива. Дополнително, МВР има десетици лица задолжени за комуникација со медиумите, па информацијата и фотографијата можеле лесно да се проверат, ама во конкретниот случај тоа не било направено.

Кога се откри дека не станува збор за оружен грабеж кај Скопјанка, дел од медиумите ја избришаа објавата, дел ја апдејтираа првичната верзија, но имаше и чуден начин да се пренебрегне поправката со нови написи со наслови дека „Грабеж немало во Скопјанка, но имало во Бутел”.

Поради сите горенаведени факти, постот што го рецензираме го оценуваме како невистинит. Не е точно дека на 31 март 2023 година, имало оружен грабеж во Скопјанка. На посочената локација МВР спроведувало истражни активности кои не се поврзани со грабеж.

Не е точно дека Министерството за образование нуди бесплатни курсеви по англиски јазик за сите

Целта на вака креираната невистинита најава е да се генерира интернет сообраќај, односно да се убедат што поголем број корисници да пристапат до страниците коишто се рекламираат. Оваа објава...