fbpx

МВР: Ако ви стаса сомнителен мејл од директорот на Бирото за јавна безбедност, не наседнувајте

Hадлежните во министерството ги известуваат граѓаните дека станува збор за лажна порака која не е испратена од МВР, ниту пак, од било која друга институција за спроведување на законот

-

Во Министерството за внатрешни работи деновиве граѓани пријавуваат дека добивале електронска пошта од директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски, кои всушност се лажни, предупредуваат оттаму.

„Пораката е во вид на некакво барање за судско појаснување. Примачот на пораката се известува дека е предмет на наводни правни постапки за низа измислени кривични дела, кои ги нема сторено. Притоа, примачот на пораката се повикува да го контактира испраќачот со некакво објаснување за наводните дела“, појаснуваат во МВР.

Поради ова, надлежните во министерството ги известуваат граѓаните дека станува збор за лажна порака која не е испратена од МВР, ниту пак, од било која друга институција за спроведување на законот.

„Овие електронски пораки се класичен обид за измама во кој целта на измамниците е да дојдат до личните податоци на испраќачот со цел нивна понатамошна злоупотреба. Затоа апелираме на посебно внимание, овие пораки да не се отвораат, а уште помалку да се контактира испраќачот преку доставениот линк и да се споделуваат личните податоци кои ќе ви бидат побарани“, апелираат од МВР.

Воедно оттаму предупредуваат граѓаните да не отвараат линкови и датотеки кои се испратени во прилог на е-маил пораката која доаѓа од непознат испраќач, заради заштита на компјутерските системи од малициозен софтвер.

„Ваквите обиди за измама се со меѓународен предзнак, имајќи предвид дека електронски пораки со слична содржина во изминатиот период беа испраќани и на граѓани во земјите од регионот. Ги информираме граѓаните и дека во Секторот за компјутерски криминал е пријавено дека е изработена лажна веб страна на Управата за јавни приходи, од каде се испраќаат пораки за некакво задолжително пријавување на лажен линк. Апелираме до граѓаните да не ги отвараат ваквите пораки и да не ги оставаат податоците од своите банкарски сметки затоа што станува збор за измама“, наведуваат во МВР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Уапсени двајца руски новинари под обвинение дека работеле за фондацијата на Алексеј Навални

Двајца руски новинари се уапсени под обвинение за „екстремизам“, поради обвиненијата дека работеле за група основана од починатиот руски опозициски политичар Алексеј Навални, пренесе Гардијан. Новинарите Константин Габов и Сергеј...